Свет

(ВИДЕО) Силно невреме на грчкиот остров Евија, загинаа пет лица меѓу кои и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија грчкиот остров Евија, оштетувајќи десетици куќи и блокирајќи патишта.

Осуммесечното бебе е пронајдено мртво, соопшти портпаролот на противпожарната служба. Родителите на детето не биле повредени.

Неколку часови порано, маж и жена, двајцата во 80-тите години, беа пронајдени во несвест од пожарникарите во две куќи. Во болницата било потврдено дека починале.


Заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, изјави дека пет лица загинале, а две се водат како исчезнати. Новинската агенција АНА подоцна објави дека хеликоптерот забележал една исчезната жена, која била исфрлена од нејзиниот дом во селото Бурци од поплави.

Две други лица кои починале, 74-годишен маж и 73-годишна жена, исто така се од Бурци, јави агенцијата.

Премиерот Киријакос Мицотакис изрази длабока жалост и рече дека ќе го посети Евија, вториот по големина грчки остров по Крит, во понеделник.

Дождовите ги блокираа патиштата во западна Евија, а неколку туристи не можеле да го напуштат кампот на островот, јавува АНА.

„Ние доживуваме кошмар, ги користиме сите можни средства за борба против поплавите“, рече Ана Фанис Спанос, пратеник од централниот регион на Грција.

Невремето Талиа во саботата погоди неколку области на копното во Грција, иако времето се подобри во неделата.

Поради недоволна контрола на градежништвото и планирањето, поплавените куќи се честа појава во Грција.

Во ноември 2017 година, во поплавите загинаа 24 луѓе во Мандра, село во индустриски регион на 30 километри западно од Атина.

На почеток