Свет

Во Финска слетал авион од Скопје со 24 позитивни со КОВИД 19 патници

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од земји со висок ризик, откако 24 од 157 патници кои пристигнале од Скопје во Финска, беа позитивни на ковид-19, изјави министерката за семејни работи и социјални услуги Криста Киуру,објави Ројтерс.

Министерката информира дека на аеродромот во Финска во саботата било организирано случајно тестирање на сите патници кои пристигнале со летот од Скопје, откако властите утврдиле дека два авионски летови од Северна Македонија и Романија, се главни извори на нови инфекции со коронавирус во Финска.

 

На почеток