Свет

Од 16 август, во Грција ќе можат да влезат само 750 лица дневно

Од 16 август, од граничниот премин Какавија ќе можат да влезат само 750 лица дневно. Одлуката е донесена по неодамнешното зголемување на бројот на случаи на коронавирус во земјата и ќе стапи на сила на 16 август, објави грчката влада.

Не се споменува граничниот премин Промахонас, како и отворањето на границата за нашите граѓани.

Посетителите кои доаѓаат во Грција од Шведска, Белгија, Шпанија, Холандија и Чешка треба да имаат доказ – тест дека се негативни на коронавирусот.

Грчката влада соопшти дека истото ќе биде потребно за сите посетители кои влегуваат во Грција преку нејзините копнени граници, вклучувајќи ги и грчките државјани кои се враќаат дома.

извор: Макфакс

На почеток