Сања Лукаревска и Мартин Костовски, кои станаа пратеници во Собранието од редовите на СДСМ и коалицијата „Можеме” по одржаните парламентарние избори, се повлекуваат од директориските места во Управата за јавни приходи, односно Службен весник.
Тие во изјава за „Фактор” потврдуваат дека веќе не се директори на овие две државни институции.
– Во моментов повеќе не сум избран функционер од Владата затоа што сум пратеник во Собранието, а во иднина мојата партија и идниот премиер ќе одредат која функција ќе ја извршувам, изјави Лукаревска, која три години беше на чело на УЈП.
И Костовски вели дека сега е пратеник и тоа планира и да остане.
Вршител на должност директор на УЈП сега е Фарук Омери, а на Службен весник Татијана Лалчевска.