Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

filipce-51

Филипче: Прво одбиваат лидерска, а потоа обвинуваат за моноетничност, ги повикувам повторно сите заедно на средба

Јас повикав на средба со сите претседатели на политичките партии, и да ве потсетам, претседател на една албанска партија рече дека тоа би било губење на време, а сега нè обвинуваат за некаква моноетничка средба.Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање поврзано со обвинувањата од албанскиот блок на политички партии дека вчерашната средба во Владата со премиерот Христијан Мицкоски е план за моноетничка соработка.„Јас на тој состанок го претставував СДСМ, а премиерот Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ и ние се состанавме како лидери на двете најголеми партии во македонскиот блок. Притоа, премиерот Мицкоски беше првиот којшто без забелешка и единствен кој ја прифати поканата за средба“, истакна денеска Филипче од Струмица.Тој уште еднаш упати јавен повик до сите политички партии за организирање на лидерска средба.„Апсолутно сметам дека треба да продолжиме во следниот период во насока на организација на средба на лидерите на сите поголеми политички партии. Ова нека биде уште еден мој повик до сите партии бидејќи јас тука не гледам никаква потреба да се делиме на македонски или албански блок кога станува збор за интересите на државата“, потенцираше претседателот на СДСМ.Филипче истакна дека никој нема право да го обвинува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за етнички или националистички политики или пристап имајќи предвид дека во извршниот одбор на СДСМ има Албанец, Македонка муслиманка, а во следниот период ќе има и Ромка.Претседателот на СДСМ повтори дека вчерашната средба со премиерот била конструктивна и на неа било договорено формирање на заеднички тела или групи кои ќе работат на подготовката на законите од реформската агенда, со фокус на правосудството, енергетиката и стратешките проекти во здравството, а кои треба да стигнат во Собранието.

Македонија | пред 1 година

janev-policija

Полицајците кои игнорирале противзаконско однесување ќе бидат казнети, најави Јанев директор на БЈБ

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, најави санкција за секој полициски службеник кој нема да постапува согласно законите и кодексот за етичност и интегритет. Ова доаѓа по двата случаи кои беа објавени овие два дена. Првиот со полицаецот кој стои кај Градска болница додека возила поминуваат на две полни линии за да се приклучат на летните за спротивна насока, а вториот за полицаецот во Дебар маало со „Поршето“ на ексамбасадорот Срѓан Керим.„Не отстапуваме од нашата одлучност за чесно, професионално и со висок интегритет извршување на полициската должност. Максимално транспарентно и посветено се проверуваат сите околности на (не)постапувањето на полициските службеници во двете ситуации за кои јавноста оправдано реагира. Полицијата е тука да ги спроведува законите фер и без исклучоци, да ги брани правата на сите, без разлика на потекло или припадност. Никој, без разлика на неговата позиција, не е над законот! Никој не смее и нема да дозволиме да отстапува од кодексот и постапување со етичност и интегритет. Секое однесување што ја нарушува довербата на граѓаните треба и ќе биде откриено и санкционирано. Апелирам до сите чесни и совесни граѓани да се приклучат во откривање на секое несовесно, неодговорно или непрофесионално работење на кој било припадник на полицијата. Заедно, да ја изградиме полицијата како вистински сервис за народот, а не како сила која владее со него.

Македонија | пред 1 година

filipce-kostadinov

Филипче: 118 семејства ќе добијат дом

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска заедно со градоначалникот на општина Струмица, Коста Костадинов, ја посетија локацијата во Струмица каде што е изградбата на социјалната населба и за која започнува втората фаза на реализација. Станува збор за еден од поголемите капитални проекти во оваа општина, во рамки на кој ќе се изградат вкупно 118 куќи со кои трајно ќе се реши проблемот за домување на социјално ранливите граѓани од турското маало во Струмица.„Ова ќе биде една цела нова населба, еден мини град, каде градежните работи се почнати од нула. На локацијата немаше ништо, а сега веќе има канализација, има струја, има улица и во следната односно последна фаза ќе почне изградбата на објектите. Ова ќе биде наслба во којашто ќе се сместат луѓе од ранливи категории кои сега живеат во супстандардни и небезбедни услови. Во овие 118 станбени единици со соодветни стандарди, квалитетот на животот на тие граѓани значајно ќе се подобри и дополнително ќе се решат инфраструктурните проблеми во близина на оваа населба, како што е водоснабдувањето“, рече Филипче.При тоа Филипче посочи дека овој и сите други проекти на локалната самоуправа на Струмица ги отсликуваат социјалдемократските вредности за еднаквост и грижа за сите граѓани.„Ова е само еден во низата на крупни проекти на општина Струмица. Ќе ги споменам новиот пазар, автобуската станица, електричниот јавен превоз со кој Струмица е прв град на Балканот со ваков превоз“, изјави Филипче, додавјаќи дека општина Струмица е пример како со дела се развиваат и имплементираат проекти кои суштински менуваат работи и го подобруваат животот на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

puls-35

Уште три повредени од „Пулс“ се во тешка состојба, Таравари: Многу се критично, се надеваме дека ќе оди на подобро

Министерот за здравство, Арбен Таравар, кажа дека и натаму, тројца пациенти се во критична состојба. За нив рече: „Да се надеваме дека ќе оди на добро, ама состојбата за нив е многу критична“.Таравари посочи дека другите пациенти се во добра состојба. Пет се испишуваат од скопските болници, а шест се враќаат назад од лекувањето во странство.„Од 14 пациенти, пет ќе бидат испишани да се лекуваат дома. Девет остануваат во болниците во Скопје. Денеска се враќаат шест пациенти, два од Бугарија, два од Шпанија, два од Унгарија. Стабилни се и добри. Ќе се лекуваат уште 24 часа во нашите болници и ќе бидат пуштени на домашно лекување. Надвор од државата остануваат 69 пациенти од кои три се во критична и нестабилна состојба. 118 пациенти се во домашни услови и добри се“, рече Таравари.

Македонија | пред 1 година

488609874_1712748265990899_7640598651666519088_n-1536x729-1

Обвинителството ја запре постапката за Карадаков, управител на „Пулс“ кој почина лекувајќи се во странство

Со минута молк во знак на почит кон настраданите во трагедијата во кочанската дискотека “Пулс”, во која бројот на жртвите денеска се зголеми на 60, започна денешниот состанок на стручниот колегиум на Јавното обвинителство во проширен состав.„Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани за утврдување кривична одговорност за трагедијата го запозна колегиумот со преземените дејствија до сега, со начинот и концептот на истражување и со стручните аспекти на предметот кои ги има предвид при истражувањето.Стручниот колегиум на Јавното обвинителство изрази целосна поддршка за досегашната работа на обвинителите, кои во моментов паралелно водат истражна и предистражна постапка од широк опсег со цел целосно испитување на одговорноста за овој настан. Сите капацитети на Јавното обвинителство се ставени на располагање на тимот за ефикасно завршување на истрагата.Со оглед на тоа што денешната 60-та жртва од катастрофалниот пожар во Кочани е лице кое претходно беше опфатено со наредбата за спроведување истражна постапка, во својство на управител на правно лице, Основното јавно обвинителство Кочани по прибавување на официјалната документација за настапената смртна околност ќе донесе наредба за запирање на истражната постапка за него“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-04-at-12.23.17

(Видео) Полицаецот од Дебар маало под истрага на внатрешна контрола, газдата на „поршето“ казнет

Во врска со видеото на социјалните мрежи на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски ознаки на територија на Дебар Маало во Скопје, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека конкретниот настан се случил на 22.03.2025.Тие додаваат: Имено, возилото е подигнато од страна на ПОЦ, а од страна на СВР Скопје преземени се мерки по член 63 став 6 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог. Исто така ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник. Во врска со постапувањето пак на полициските службеници при подигнувањето на возилото, веќе постапува Одделот за внатрешната контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по завршување на целокупната постапка соодветно ќе ја известиме јавноста“.

Македонија | пред 1 година

pecakov

Пецаков до СДСМ Охрид: Излезете и признаете дека локациите каде во моментов се гради, се од вашите ДУП-ови

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати критика кон СДСМ Охрид кои го критикуваат дека во градот и натаму се гради, како и дека тој не го става под контрола, урбанистичкото планирање.„Не е ни чудно што елементарната правна неписменост доаѓа од партијата која за свои лични интереси и интересите на нивните бизнис партнери штанцаше урбанистички планови по нарачка. Ставање ред во урбанистичко планирање значи сосема спротивното од она што вие го работевте, односно престанок со штанцање на урбанистички планови со кои го девастиравте Охрид. За сликата да биде појасна и целосна, треба да сте доблесни, како што не сте, да излезете пред граѓаните и да си признаете дека сите локации каде во моментов се гради, се дел од урбанистичките планови кои вашите раководства на Општина Охрид, ги изработиле и одобриле. Исто така граѓаните треба да знаат дека од моето доаѓање на местото градоначалник до овој момент се донесени само два урбанистички планови од кои еден се однесува на индустриска зона Лескоец.Почитувани господа од СДСМ, кабаетот за девастацијата на Охрид е ваш, како што е ваш и за оттуѓувањата на државни земјишта за да им угодите на бизнис партнерите, за кои локации сега морализирате и се обидувате да се исперете од нечистотиите во минатото. Општина Охрид под мое раководсво ќе продолжи да се бори против вашите штетни одлуки од минатото за Охрид во интерес на граѓаните. Обидите за манипулација на јавноста за ситни политички поени се препознани од граѓаните. Вие сте веќе прочитана книга. П.С. За сите слики кои беа предмет на објава на СДСМ „reels“ партијата, го повикувам претседателот на СДСМ Охрид, Асен Шајн, на кој сака медиум во кој и да било ден и час, да поразговараме со факти за оваа тема, но и за било која друга тема која е во интерес на јавноста, а се однесува на Општина Охрид“, напиша Пецаков.

Охрид | пред 1 година

policija-1313

Пешак прегазен во Пинтија, возачот избегал

На 03.04.2025 во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18.15 часот на ул.„Борис Трајковски“, во близина на крстосница со ул.„Саса“, во Скопје патничко возило удрило во пешакот С.М.(28) од с.Страхојадица,скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-04-04-at-11.51.14

(Видео) Герасимовски го нападна полицаецот и ги брани ПОЦ за снимката со драмата во Дебар маало

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, се огласи по снимката на социјалните мрежи каде се гледа како пајак службата и полицаецот не креваат непрописно паркирано возило.„Во однос на ова видео кое се шири по социјалните мрежи, крајно некоректни и манипулативни се обидите од некои медиуми да се префрли одговорноста на Пајак службата која професионално си ја врши работата. Отстранувањето на непрописно паркираните возила е по налог на службено овластено лице.  Во случајов нашите вработени воопшто не го стопираат кревањето, туку едноставно чекаат налог од страна на службеното лице, полицаец. По добивање на истиот веднаш постапуваат и го креваат возилото. Тоа впрочем и го објаснува службеникот од ПОЦ во самото видео.Благодарност до екипите на ПОЦ кои неуморно работат на санкционирање на несовесни возачи. Ја поздравувам и активноста на граѓаните кои бараат санкционирање на сите оние коишто со своите возила ги блокираат улиците и велосипедските патеки во Центар. Истовремено, недозволиво е полициски службеник да не сака да си ја врши својата работа. Барам од МВР да ги санкционира полициските службеници кои не постапуваат при очигледни прекршоци. Недозволива е селективноста при казнување на граѓаните“, напиша Герасимовски.По ова, останува отворено прашањето - зошто ваквите појави, вработените во ПОЦ не ги пријавиле до институциите. Овој случај немаше да се разоткрие ако немаше остра и жестока реакција од граѓани.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-17.57.07

Карадаковски бил во најтешка состојба: Таравари вели дка 60-та жртва на пожарот имала влошувања откако му откажале и бубрезите

Министерот за здравство, Арбен Таравари, соопшти дека Александар Карадаковски, кој е 60-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, бил најкритичниот пациент кој бил на лекување. Нему, му откажале и бубрезите при лекувањето.„За жал, утрово, пред два часа, ја добив лошата вест дека еден пациент е починат во Литванија, кој беше од тие четири пациенти, најкритичниот. Од први април му откажаа и бубрезите, беше ставен на дијализа, утрово ја добив информацијата дека починал“, рече Таравари.„Пациентот што почина, 40 отсто од телото му беше со изгореници. На крајот, главниот проблем беше инфекцијата која што ја добив поради огромна површина на рани кои ги имаше на телото. Да се надеваме дека другите критични ќе поминат подобро и да ни се вратат во државата“, додаде Таравари.Според информациите од Таравари, во критична и лоша состојба се уште тројца пацинети. Кај нив, повремено се забележуваат подобрувања, но и влошувања на состојбата.За Карадаковски е познато дека беше осомничен од страна на Обвинителството кое води предмет за сите причинско-последични врски поврзани со пожарот. Тој е и управител на правното лице „ММММ кафе ДООЕЛ“, но само на хартија, бидејќи во реалноста, бил шанкер.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-04-at-11.07.26

За член на Комисијата за заштита од дискриминација е предложен Вецко Здравески, обвинет со Милошоски во „Моќник“, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира на предлогот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата до Собранието за избор на Вецко Здравески како член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Изборот, според нив е направен нетранспарентно, по партиски клуч, и без почитување на законски утврдените критериуми за стручност, со што директно се урива независноста и легитимитетот на ова клучно тело за човекови права.„Седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата беше закажана на нетранспарентен начин – повикот за јавна расправа беше испратен во последниот работен ден пред нејзиното одржување, што го ограничуваше учеството на јавноста и експертската заедница. За време на излагањата на кандидатите во салата во ниту еден момент немаше повеќе од 15% од вкупниот број на членови на Собранието.Кандидатот Вецко Здравевски не го исполнува критериумот - најмалку седум години работно искуство од областа на човековите права од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација.Од спроведеното интервју со кандидатот, неговото претставување и одговорите на прашањата од јавноста, јасно произлегува дека тој нема релевантно знаење, ниту разбирање на клучните основи за дискриминација. Недостатокот на чувствителност и разбирање на овие теми отвора сериозни сомнежи дека тој би постапувал непристрасно и еднакво кон сите граѓани, особено кон маргинализираните заедници, кои пак, се меѓу најчестите жртви на дискриминација.Дополнително, фактот што кандидатот бил член на Комисијата за верификација на факти (Комисија за лустрација) – тело остро критикувано од Европската унија поради злоупотреби, политички мотиви и можни прекршувања на човековите права е особено загрижувачки. Европската комисија во 2015 година препорача прекин на процесот на лустрација поради неговата идеолошка и селективна примена.Дополнително, Здравески беше обвинет заедно со Антонијо Милошоски во случајот „Моќник“, поврзан токму со делувањето на Комисијата за лустрација. Случајот беше затворен поради застареност на делата, а не поради утврдена невиност.Таквото минато не само што не е квалификација, туку е и сериозен аргумент против неговото именување во тело чија цел е заштита на човековите права. Иако кандидатот не е носител на функција во политичка партија, од неговите изјави во јавност произлегува јасна поврзаност со политичка партија со силно влијание во Собранието.(во 2019, медиумите пренесуваат статус на кандидатот: ВМРО е судбина и иднина за Татковината,a самиот кандидат е ословен како „ветеран на ВМРО-ДПМНЕ“)”, стои во соопштението на Мрежата за заштита од дискриминација која бара Собранието да не го изгласа предложениот кандидат.

Македонија | пред 1 година

20f4677e-c235-4deb-908b-f69f027244fb

(Видео) Руски ловец ја разнесе сопствената брана со термобарична бомба

Ефективно украинско заглавување на комуникациите им зададе сериозен удар на Русите при нивната употреба на прецизно наведувани крстосувачки бомби. Со заглавување на сигналите помеѓу бомбите и сателитите за наведување, бомбите се повеќе ги промашуваат своите цели.Но, се чини дека ова мешање не допира длабоко во руска територија. Токму поради тоа руски борбен авион во вторникот, или непосредно пред тоа, успеа точно да удри во брана недалеку од украинските позиции во регионот Белгород во западна Русија, пишува Форбс.Станува збор за брана што го спречува течението на реката кај Поповка, погранична населба во Белгород. Откако нивните линии за снабдување беа прекинати во февруари, украинските сили ја напуштија соседната Курска област и започнаа неколкунеделна плитка турканица во Белгород.Во моментов борбите главно се водат околу Поповка и блиската Демидовка, а според ситуацијата на крајот на март и двете беа под претежно украинска контрола. Но, според Украинскиот центар за одбранбени стратегии, руските трупи повторно започнале контранапад и повторно влегле во Демидовка до среда. Украинското воено воздухопловство обезбедува поддршка со борбени авиони Су-27, кои главно ги таргетираат мостовите преку кои руските сили носат засилување.Но, руските воздушни напади не престанаа. Во вторникот нападот беше извршен со нов модел на бомбата ОДАБ-500, прецизно водена термобарична бомба која растура запалива материја во форма на аеросол и потоа ја активира. „Руските воздухопловни сили помагаат да се одбие непријателската офанзива со воздушни напади со бомби ОДАБ, уништувајќи ги приодите кон Поповка“, се пофали еден руски блогер.

Свет | пред 1 година

puls-karadaovski

Дискотеката „Пулс“ ја зеде 60-та жртва: Почина Карадаковски кој се лекуваше во Литванија, управител на хартија - во реалност шанкер

Александар Карадаковски е 60-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој кобната вечер беше во дискотеката, по што беше донесен на лекување во скопските клиники и на крајот поради сериозноста на состојбата го префрлија на лекување во болница во Литванија. Неговата состојба се влошила, по што, докторите не можеле да го спасат.За Карадаковски е познато дека е осомничен од страна на Обвинителството кое води предмет за сите причинско-последични врски поврзани со пожарот. Тој е и управител на правното лице „ММММ кафе ДООЕЛ“, но само на хартија, бидејќи во реалноста, бил шанкер.За него се собираа и донации, исто како и за останатите повредени, со цел, поефикасно и побрзо лекување како во странските, така и во домашните клиники.Деталите за тоа како течело неговото лекување, ќе ги соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари, денесна попладне.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-04-at-09.57.13

(Видео) Драма во Дебар маало, откако ПОЦ одби да крене непрописно паркирано „Порше“ на полицаец

Вработени во Паркинзи на општина Центар и полицаец беа во поход да кренат непрописно паркирано возило пред Боемска улица во Дебар маало, но откако се поколебаа, започна драмата. Според снимката, полицаецот откако утврдил дека станува збор за возило паркирано од негов колега, се повлекуваат - како возачот, така и полицаецот.„Еве, еве кои се, не сакаат да земат началничка кола“, извикува снимачот на видеото.Продолжува убедувањето од страна на полицајците кон граѓаните кои бараат неселективност. Во еден момент, полицаецот ги убедува дека „Поршето“ кое е паркирано е службено возило на полицаецот.„Кое службено возило, седи тука три саати“, вели девојка.Во тој момент, полицаецот ги убедува присутните и вели: „Сега ќе го тргне...“Потоа одново се реагира: „Четири саата седи тука, пиши му казна, кое 'порше' е службено возило. Седи тука, јаде пие, пиши му казна“.Потоа, полицаецот влезе во угостителскиот објект. Излезе и даде насока да се крене возилото, што беше поздравено со аплауз.Снимката, неофицијално, е направена пред една недела. Од вчера, стана и вирална.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-42-5960PM

Пелистерка: Не постои одлука на акционерско собрание за продажба на Стопанска банка АД Битола

Пелистерка АД Скопје, заедно со поврзано правно лице ТИМОХ ДОО Скопје, во својство на квалификувани акционери во Стопанска банка АД Битола со 21.85% од акциите, велат дека не постои одлука на акционерско собрание за продажба на Стопанска банка АД Битола.Тие во нивното соопштение наведуваат:„Како носители на 21.85% од акциите на Стопанска банка АД Битола и во својство на квалификувани акционери сакаме да им укажеме на сите други помали акционери, севкупната македонска јавност како и на одредени засегнати страни дека банкарскиот пазар во Македонија е целосно регулиран преку Народна банка на Република Северна Македонија.Сакаме да потенцираме дека секоја информација во однос на било каква трговија со акциите на Стопанска банка АД Битола, а поголема од 5% мора да биде одобрена од Народна банка на Република Северна Македонија. Исто така секој потенцијален инвеститор кој има намера да се стекне со поголем дел од акциите, најпрво мора да добие одобрување од НРБ, па дури потоа да достави соодветна понуда до акционерите.Секоја постапка како и евентуални преговори без следење на оваа законска регулатива и без вклученост на НРБ се во сферата на шпекулативни информации и дополнително укажуваме на постоење на основани сомневања за кривична одговорност.Како квалификувани акционери сакаме јавно да информираме дека до овој момент не постои одлука на Акционерско собрание за продажба на Стопанска банка АД Битола и никој не може да ја донесе истата без согласност на мнозинството акционери.Апелираме до медиумите и засегнатите страни да се воздржат од пласирање на шпекулативни информации до оддржување на Акционерското собрание, бидејќи истите можат да предизвикаат штета на тековното работење на Стопанска банка АД Битола“.

Македонија | пред 1 година

Mitko-T-SDSM

Обезбедување на премиер оддава државни тајни за пари - безбедносниот систем е решето, рече Трајчулески

Зборуваме за безбедносен систем во кој најблиското обезбедување на премиерот Мицкоски е документирано кај што оддава државни тајни за пари. Ако тој оддал државна тајна за 50.000 евра, што бил спремен да направи за 500.000 евра, рече пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24.Трајчулески нагласи дека безбедносниот систем е решето и потсети на случувањата на северната граница со Африм Гаши, Блерим Рамадани, Артан Груби, потоа со другиот член на обезбедувањето на премиерот итн.Државата мора да води сметка за својот безбедносен систем за граѓаните да се осеќаат безбедно. Ако премиерот нема загаранитрана безбедност, како граѓаните, обичните луѓе ќе се осеќаат безбедни во своите домови Ако највиоските функционери не се сигурни, што остана за обичните граѓани, нагласи пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24.

Македонија | пред 1 година

1-4

Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО: има потреба од повеќе инвестирање на пари во одбраната

Учество на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО„На покана на генералниот секретар на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија.Состанокот претставува добра можност министрите заеднички и во поширок формат да се осврнат на актуелните безбедносни случувања кои имаат импликации за европскиот континент и пошироко.Фокусот на првиот ден од состанокот беше ставен на состојбите поврзани со руската агресија врз Украина, при што беше реафирмирана силната поддршка за дипломатските напори предводени од САД за постигнување прекин на огнот и траен, долгорочен мир преку политички дијалог и почитување на меѓународното право.Министрите разговараа и за потребата од зголемување на издвојувањата во областа на одбраната, како и зајакнување на капацитетите и способностите на НАТО за градење колективна безбедност и одбрана, со цел ефективен одговор на заедничките закани и предизвици.Особено беше нагласен фокусот на Алијансата врз Западен Балкан, како важен елемент за обезбедување на регионалната, но и на севкупната европска безбедност и стабилност.Во време на сложени геополитички услови, кои носат широки безбедносни предизвици, министерот Муцунски ја нагласи важноста од одржувањето на единството меѓу сојузниците како столб на заедничката безбедност, значаен за заштитата на заедничките вредности.Во оваа насока, тој ја потенцира и важноста на нашиот регион како простор од стратешко значење и за НАТО и за Европската Унија, со потреба да остане високо на агендата на двете организации. Притоа, побара зголемено внимание и стратешки пристап, особено во контекст на напорите на земјите од регионот за реализација на нивните европски и евро-атлантски аспирации преку брза имплементација на интегративните процеси“, велат од Министерството за надворешни работи.

Македонија | пред 1 година

prendzov

Пренџов: Министерот Тошковски и институциите успешно ја водат истрагата, имаме 36 лица во притвор, ќе го сотреме криминалот и корупцијата

Во емисијата „24 Анализа“ на истоимената телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој дебатираше за актуелната состојба во државата, за тоа како се води истрагата за пожарот во Кочани, ставајќи го акцентот на тоа дека институциите успешно ја вршат работата уште од самиот почеток, а сето тоа јавноста го гледа, со оглед на целосната вклученост и напорите коишто ги прави МВР и министерот Панче Тошковски.Пратеникот се осврна на состојбата во Македонија во минатото и направи компарација помеѓу неуспешните истраги кои се случувале за време на претходната власт и сегашното функционирање кое се темели на транспарентност, ажурност, уште во самиот почеток од настанувањето на трагедијата, истакнувајќи дека во првата фаза од истрагата веќе има приведени и осомничени лица.„Во последните неколку години живи луѓе ни гореа, имавме нула обвинети, нула кривични пријави, имавме Ласкарци, луѓе починаа на самото место, во Бугарија изгореа луѓе, имавме нула обвинети и нула кривични пријави поднесени од страна на МВР, денес имаме сосема различен случај, а тоа е дека во првите 48 часа повеќе од 30 луѓе беа повикани на распит повеќе од 20 беа задржани повеќе од 20 добија притвор, во првите 72 часа, 36 луѓе завршија во притвор и три правни лица, сосема друга состојба имаме и велиме дека ова е само прва фаза отпочнуваме втора фаза и ќе видиме кој се плус ќе биде осомничен“, вели Пренџов.Во дебатната емисија пратеникот истакна дека поради ефикасноста во работењето на Владата, постепено се овозможува граѓаните повторно да ја стекнат довербата во институциите, затоа што истрагата ќе се води неселективно до крај.„Јас мислам дека овој настан од трагедија и реагирањето на институциите соодветно како што е досега, така и ќе продолжи, ќе биде една од причините полека, но сигурно да создадеме доверба кон институциите бидејќи од ова што го гледаме сите заедно е дека членови на СДС се во притвор, дека членови на ВМРО-ДПМНЕ се во притвор и членови на ДУИ се во притвор, тоа е фактичка состојба и само така треба да се продолжи, да се тера истрагата и секој еден со име и презиме, за што е виновен толку ќе добие притвор“, рече Пренџов.Пратеникот потенцираше дека министерот Панче Тошковски успешно ја врши својата дејност и е насочен кон сузбивање на криминалот и корупцијата, наведувајќи дека СДС како партија се симбол на недоследност и криминализираност, не само во МВР туку и во другите институции и притоа нагласи дека сето тоа е факт којшто го покажале истрагите.„Оливер Спасовски многу време беше министер и криминалот се вгнезди во МВР, откога Панче Тошковски е министер трицифрена е бројката на избркани службеници, сакам да кажам дека нема да има пардон кон никого, пред никого којшто направил криминал за разлика од минатото, такви времиња нема да има. Панче Тошковски ќе ја истера работата до крај, самиот министер кажа дека секаде кај што има криминал ќе се реагира, да оставиме на институциите да ги решат работите сметам дека дискусија и правење на политика на оваа тема не смее и не треба да има од ниту една политичка партија, ние сме одлучени криминалот и корупцијата да ги сотреме“, истакна Пренџов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-03-at-14.58.25

(Видео) Уапсен возачот кој со мопед удри дете во Бутел и избега, ќе биде поднесена кривична пријава

Во врска со видеото кое беше објавено на социјалните мрежи на кое се гледа мопед како удира дете и го напушта местото на настанот, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се преземени соодветни мерки и активности и возачот е пронајден и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.„Настанот се случил на 02.04.2025 во 14.05 часот на крстосница од ул.”Ферид Бајрам” и ул.”Алпи” во Скопје кога мопед удрил осумгодишно дете и го напуштил местото на настанот, а на детето му се констатирани телесни повреди во ГОБ “Св. Наум Охридски”.По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа возачот Ч.Т. (63) од Скопје и против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 од КЗ за загрозување на безбедноста на сообраќајот, чл.297А од КЗ за безобзирно возење и чл.301 од КЗ за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, по брза постапка“, објавија од МВР.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova1

Давкова била кај повредените кои се лекуваат во Софија: Разговарав со роднинините, подобрена е состојбата на пациентите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова објави дека ја посетила болницата „Пирогов“ во Софија каде што се згрижени и се лекуваат македонските граѓани повредени во трагичниот пожар во Кочани.„Во разговорот со министерот за здравство, проф. д-р Силви Кирилов, заменик-директорот на болницата, проф. д-р Николај Габровски и раководителката на Одделот за изгореници и пластична хирургија, доц. д-р Маја Аргирова, бев информирана дека здравствената состојба на осумтемина македонски пациенти е стабилна, се наоѓаат под постојан надзор од страна на врвни, искусни лекари и дека процесот на закрепнување бележи напредок.Во присуство на лекар Македонец, ми беше овозможен подолг разговор со најблиските роднини на македонските пациенти. Тие најпофално се изразија за болничкиот персонал и манифестираа радост за видно подобрената состојба на нивните најмили.Се сретнав и со дел од бугарските медицински тимови коишто директно учествуваа во укажувањето на итна медицинска помош и им изразив особена благодарност за нивната пожртвуваност, човечност и професионалност. Нивната благородна мисија е вистинско олицетворение на медицинската етика, солидарноста и хуманоста, вредности коишто ќе останат темел на заемна почит и искрено пријателство меѓу двата блиски народа, бугарскиот и македонскиот“.

Македонија | пред 1 година

2402025_Mickoski_pres_2

Мицкоски за синдикатите: Претходната влада вештачки ја зголемувала минималната плата и не исплаќала, ние секој договор меѓу синдикатите и стопанствениците ќе го поздравиме

Премиерот Мицкоски рече дека Владата не може да биде добра за сите, но е добра за големо мнозинство. Според него најдобар одговор за оние кои не ја поддржуваат работата на оваа влада е таа да работи без афери и скандали и да испорачува резултати.„Доколку продолжиме многу да работиме без афери, без скандали, без корупција ќе испорачуваме резултати, како на пример 1 милијарда 255 милиони странски инвестиции кои се историски рекорд, 400 милиони само во 4 квартал, раст на БДП во третиот квартал од 3%, во четвртиот 3,2%, не би се изненадил ако биде помеѓу 3,5 и 4% во првиот квартал. Расте извозот во првиот квартал од 5%, замислете во оваа криза, зголемени се пензиите за 5.000 денари линеарно, нешто за кое велеа дека е невозможно, се потпишаа колективните договори, веќе тргна исплатата на повисоки плати за здравствените работници и образовните работници, МВР доби 10% зголемување“, изјави Мицкоски во гостувањето во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа.Премиерот потсети дека дополнително во изминатиот период била вратена еврообврзница од половина милијарда евра, 250 милиони евра се дадоа како поддршка на стопанството, а исто толку средства и за општините, а сметката на владата од минус 12 милијарди денари сега е помеѓу 3 и 4 милијарди во плус и сето тоа е резултат на многу залагање и труд. Мицкоски посочи дека сега една група од синдикатите со која имал средби забележува дека немало економско социјален дијалог, при одредувањето на минималната плата.„Немаме репрезентативен синдикат затоа што репрезентативноста истекла. Именувавме комисија, претставници од 3 институции, од Министерство за социјални работи, демографија и млади, од Министерство за правда и од Министерство за економија и труд. Ја поминавме на владина седница, таа комисија ќе се состане и ќе одреди репрезентативен синдикат. Ние што треба да направиме како Влада? Знаеме дека согласно закон треба да донесеме одлука за минималната плата. Ние како Влада мораме да постапиме согласно закон, таму има методологија и ние донесовме врз основа на закон. Но велиме, секоја одлука, секој договор кој ќе го постигнат работниците и работодавачите во било кој период од годината ние ќе го поддржиме“, рече Мицкоски.Премиерот Мицкоски истакна дека како Влада најлесно ќе биде да каже минималната плата ќе биде 30.000 или 60.000 денари бидејќи ќе значи поголем број уплати на здравствено осигурување и персонален данок.„Ние до вакво дереџе дојдовме со таков тип на интервенционизам, како што тоа беше во годините позади нас. Инаку нас ни е најлесно. На 25 илјади денари придонесите се теоретски 12 илјади денари, на 30.000 се 15 илјади денари. Разликата е 3.000. Таа завршува во буџетот. Претходната влада што правела? Вештачки ја зголемувала минималната плата, но тоа не го почитувала кога станува збор за вработените во јавната администрација. И затоа сега одбрана и МВР плаќаат тужби во милиони евра“, посочи Мицкоски и дополни дека на пример во минатиот период на синдикатот УПОЗ им беше понудено покрај законското зголемување да има зголемување во 4 години 7-5-5-7 % покрај законското под услов да се тргне колективниот договор за кој и двете страни утврдиле дека е лош, но разговорите престанаа и почнаа протести.

Македонија | пред 1 година

Untitled-1

Мицкоски: Апасиев е далеку од тоа што се претставува, тој е против извршителите, освен кога од нив купува три пати поевтин деловен простор во центарот на Скопје

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа ги отфрли обвинувањата дека постои некаков договор со јавниот обвинител Љупчо Коцевски, посочувајќи дека во услови на таква трагедија во Кочани ќе беше аматерски неиздржано да продолжи процесот за негова смена, а да се игнорира целата истрага.„Тоа денеска го кажа пратеникот Апасиев на собраниската говорница, тој тоа го претстави како на ти го, дај ми го. Видете возможни се такви сценарија и таков тип на небулози кои што се шират, но работата е секогаш многу поедноставна од тоа како изгледа. Никој од нас не вели дека е задоволен од работата на Љупчо Коцевски, но ќе беше аматерски неиздржано ако ние во услови на еден ваков случај, на една ваква трагедија како што е овој, продолжиме со процесот на смена. Тогаш ние каква порака ќе испратевме? Дека ние игнорираме се, игнорираме истрага и се што е вклучено таму, за да реализираме некаква си наша цел. И јас не мислам дека тоа е политички искусно и умно“, вели МицкоскиВо однос на обвинувањата од страна на Апасиев, премиерот Мицкоски потенцираше дека Апасиев е далеку од тоа што се претставува, укажувајќи дека тој пред народот е извршителите, освен кога од нив купува три пати поевтин деловен простор во центарот на Скопје.„Тоа што јас денеска во собрание го споменав е само континуитет на сите оние навреди, конструкции кои што овој политичар ги рефлектира, најчесто на социјалните мрежи или на собраниската говорница каде ужива имунитет. И ценам дека ова е само почеток, ќе следат уште многу други работи, откривање на работи дека далеку се тие од тоа што се обидуваат на вештачки начин да се претстават, не само тој, туку и тие од неговото опкружување.Политичката партија Левица кон крајот на ноември 2024 година купува во центарот на Скопје деловен простор, тој призна дека е подрум и приземје, 420 метри квадратни, по цена со ДДВ 295.000 евра. Би рекол или е подарок заради остварување на некаква цел, или договорот има и втор дел кој што ние не го гледаме, и затоа јас реков органите сето тоа да го проверат“, нагласи Мицкоски и објасни дека метар квадратен вреди најмалку три пати повеќе од тоа што тие го платиле и што Град Скопје го проценува.„Нели Левица беше против извршители, но извршители кога продаваат ваков тип на имот не им пречат. Па тој извршител кој што е за тој објект е истиот извршител на Соравиа кој што ќе се продава на лицитација таму некаде после 20 април. И двете имаат иста финансиска институција која ги обединува а тоа е првата инвестициона банка, банка која функционира во македонскиот банкарскиот систем а е сопственост на бугарски бизнисмени“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

onkologija-4142

Онкологија пак остана без биолошкиот лек Palbosiklib, дијабетичарите без исулин - пациенти реагираа: Критична е состојбата во која се наоѓаме!

Дијабетичарите останаа без инсулин, а пак онколошките пацинети без биолошкиот лек Palbosiklib. Пациенти ја контактираа редакцијата на „Скопје1“ кои велат дека се оставени без терапија. Некои од нив посочуваат и за алармантноста на состојбата. За инсулинската терапија, министерот за здравство Арбен Таравари рече дека во тек е набавката. За набавката на биолошкиот онколошки лек, директорот на Клиниката за онкологија Игор Стојковски за „Скопје1“ вели дека процедурите за набавка се при крај. Пациентите бараат од медиумите да ја подигнат свеста кај здравствените власти.„Пишувам како очаен пациент со дијабетес ТИП 1, со надеж дека ќе ја подигнете свеста за критичната ситуација во која се наоѓаме. Веќе втора недела, во инсулинските аптеки нема инсулин, лек кој е од животна важност за нас.Ова не е прашање на удобност, туку на опстанок. Без редовно снабдување со инсулин, нашите животи се сериозно загрозени. Оваа ситуација предизвикува огромна вознемиреност и страв кај сите дијабетичари и нашите семејства. Итно бараме од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да објасни што се случува и зошто има недостиг на инсулин. Едно пенкалце инсулин чини повеќе од 2500 денари, а граѓаните се наоѓаат во сериозна финансиска криза. Како ќе си дозволат да го купат овој лек? Апелирам до надлежните институции и до јавноста да се реагира итно. Неопходно е веднаш да се обезбеди инсулин за сите пациенти кои имаат потреба. Ве молам, помогнете ни да го кренеме гласот и да ја подигнеме свеста за овој проблем. Нашите животи зависат од тоа“, стои во апелот испратен до нашата редакција утрово.Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека во тек се процедурите за набавката на инсулин.„Во тек е процедурата за набавка на инсулин. Не дека недостасува насекаде, во одредени места недостасува. Но, генерално во целата територија, го има инсулинот. Се надевам дека многу бргу ќе кажеме и кој е добавувачот и набавката ќе заврши. Меѓутоа, не е дека секаде нема. Некаде недостасува“, рече министерот.Реагираа и роднини на онколошки пациенти до нашата редакција.„Пак истиот проблем на Онкологија. Во моментов мајка ми е на Онкологија да прима терапија. И рекле да почека две недели, можеби и побргу. Но не треба да ја прекине терапијата. Хаос и брука е ова за сите. Истата песна пак, жално за сите што чекаа лек. Мајка ми и татко ми се онколошки пацнети, замислете како ми е мене, како им е на нив“, алармира роднината на околошки пациенти.Директорот и доктор Игор Стојков, за „Скопје1“ вели дека во тек е постапката за набавка на биолошката терапија. Посочува дека тендерската постапка е завршена и дека остануваат само формалностите. Укажува дека ако лани имало 30 пациенти, сега има 60 пациенти кои ја примаат оваа терапија. Тоа довело, за момент, да снема доволно дози од лекот. Укажува дека сега се набавува за 100 пациенти, за да не се случи нов дефицит.

Македонија | пред 1 година

mickoski-filipce

Мицкоски: Без оглед на разликите со Филипче, потребно ни е единство за Македонија и важните прашања

„Се побара средба, јас веднаш одговорив, доколку се има некаков план за волја на вистината немаше таков план, таква реторика еве ова е мојот план, чекор еден, два или три. Туку едноставно побараа вклучување и еден инклузивен процес. Ценам дека како политичар и како човек, како најголеми треба да привлечеме од сите слоеви од општеството и интелектуалци, и невладини, и политички партии кои што можат да помогнат да помогнат во одредени процеси“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата во интервју во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.Премиерот Мицкоски истакна дека без оглед на разликите кои ги има со претседателот на СДСМ Венко Филипче, потребно е единство и обединување за важните прашања за Македонија.„Јас ценев дека со една ваква средба ќе испратиме порака, дека ние политичарите ја научивме лекцијата и дека кон граѓаните треба да рефлектираме порака на обединување, на единство, посебно околу клучните прашања, стожерните прашања и низ поинаква оптика да ги гледаме работите кога станува збор за таков тип на прашања. А воедно во услови на траор, во услови на специфична емотивна состојба на населението да испратиме порака дека политичарите не се оние кои што со ниски страсти на дневна основа комуницираат, со политиканство гледаат да спечалат некаков политички поен. Туку може да се покаже ширина и да се рефлектира таа ширина кон јавноста“, дециден е Мицкоски и додаде јавноста нека суди дали погрешил или направил добар чекор што остварил лидерска средба со претседателот на СДСМ, Филипче.Јавноста нека суди дали сум погрешил или сум направил добар чекор, но во овој момент тоа во Македонија е потребно.

Македонија | пред 1 година

488366549_1265087844974443_7582857681384180941_n

Филипче не стравува од реотворање на случајот за пожарот во модуларната болница во Тетово: Јас тоа го поддржувам

Претседателот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, не стравува од одговорност ако се реотвори случајот за тоа како изгоре модуларната болница во Тетово, но и случајот за нивната изградба. Тој даде поддршка да се направи тоа.„По тој случај јас поднесов оставка од морални причини. Ако ме прашувате лично, не стравувам од ништо. Ако било кој смета дека треба да се отвори било кој случај, јас тоа го поддржувам“, одговори кратко Филипче.Тој беше прашан дали Зоран Заев направил добри работи додека бил чело на партијата и Владата.„Од една партија која губеше многу избори Заев ја донесе партијата до владеење. Реши повеќедецениски проблеми на државата кои нас нѐ донесоа на меѓународната сцена, да бидеме во НАТО. Дали беше лесно? Не. Не беше ни мала жртвата. некој требаше да го направи тоа. Гледајќи и низ оваа призма кога треба да решаваме напластени проблеми од минатото, да се запрашаме каде ќе беше Македонија ако во 90' го решеше проблемот со Грција? Апсолутно мислам дека со сите други полтиики, од социјалата и други сегменети на живеење, да“, одговори Филипче.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања