Жената којашто земала плата од Централен регистар, а работела во ВМРО-ДПМНЕ на инспекторите им се заблагодарила што го откриле целиот случај, кој заврши со кривична пријава и притвор за ексдиректорот Андреј Поповски. Извори од судот за „А1он“ велат дека на жената со иницијали (М.К.Д.) ѝ олеснило што можела да си ги каже маките на инспекторите. „Фала му на Бога што ме откривте, ме спасивте. Ова повеќе не се издржуваше“, беа зборовите на жената кога ѝ беше соопштено дека случајот е откриен. Таа се пожали дека во ВМРО-ДПМНЕ ја затрупувале со работа оти, иако молчеле, сите знаеле како и од каде земала плата, па ја сметале за вечен должник на партијата“, велат извори за „А1он“.
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси