Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Калеска-Ванчева: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се оградуваат од криминалите на Груевски и работат по негови директиви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

11 години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нашата држава беше заробена во изолација, неизвесност, скарана со соседите, далеку од ЕУ и НАТО. 11 години ВМРО-ДПМНЕ со антидржавните политики правеше поделби меѓу граѓаните, по национална, верска и партиска основа, истакна Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

— реклама —

Човековите права секојдневно се погазуваа, а државата беше на дното по медиумските и новинарски слободи. ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не повика на заедништво, на обединување во реализацијата на државните и национални интереси.

— реклама —

Таквото деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и денес.  И ден денес почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден бегалец Никола Груевски од Будимпешта се уште повикува на пресметки и на пресретнување во  темни улички.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не се оградуваат од криминалите на Груевски, туку работат по негови директиви. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се посветени единствено на деструкција, лажни вести и очајнички обиди да се закочи напредокот. Се уште ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се оградија од криминалите направени за нивното 11 годишно владеење.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште седат во белиот дворец кој е симбол на криминал, корупција и расипништво. ВМРО-ДПМНЕ беше и останува симбол на деструкција, на неодговорно и антидржавно однесување, истакна Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања