Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Левица: Загадувањето на воздухот не е приоритет и на оваа власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Levica

Два месеци пред почетокот на грејната сезона, а од владиниот План за чист воздух не е реализирано речиси ништо. Иако планот е прогласен за стратешки приоритет, здравјето на граѓаните по сѐ се чини и не толку приоритетно за власта. Од Владата порачуваат дека во овој момент – девет месеци по објавувањето на планот – се врши контрола на избраните објекти за кои допрва ќе се организира набавка на опрема за енергетска ефикасност, подигнување на зелени урбани површини и секоја друга од ветените, но неисполнети мерки, се вели во соопштението од Левица.

— реклама —

— реклама —

Во Македонија секоја година 3000 луѓе го губат животот поради загадениот воздух – убиени за личните и бизнис интереси на великопоседниците во власта и профитерите кои се блиски до нив.

— реклама —

Додека СДСМ предизборно ветуваа кратење на аерозагадувањето во Скопје за 50% и другите градови од 30% до 50% до 2020, до сега нема ниту сериозни акции на оваа тема, а уште помалку резултати. Напротив, тоа што го видовме за време на овој мандат, од еколошка гледна точка е блатантна експлоатација на секој природен ресурс на Македонија, уништување на секоја зелена површина со дивоградба, губење на УНЕСКО статусот на Охридското езеро, депонии кои постојано горат, реа и црни чадови низ општините.

Како и претходната гарнитура, така и оваа владина фела се докажува незаинтересирана за решавање на овој клучен проблем; таа останува фокусирана на интересите и профитот на капиталот, за кој плаќа обичниот граѓанин со неговите здравје и живот. Како што гледаме, дури и она малку и недоволно кое е ветено, нема волја да се исполни кога наместо тоа може да се исполни џебот на приватниот капитал, се вели во соопштението од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања