Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Силјановска не е чесна пред граѓаните, молчи за обидите за убиство на 27-ми април

Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска не е чесна пред граѓаните - молчи за обидите за убиство на 27-ми април, се вели во соопштението од СДСМ.Од една страна Силјановска дава евтини политички изјави а не кажа ниту збор против насилствата, не кажа ништо за обидите за линч, за организаторите на овие крвави настани, за нападот на демократијата...Молкот ја демаскира Силјановска.Гордана Силјановска воошто не се срами што е поддржана од политичката структура која има крвави раце.Не е чесно, ниту праведно да се брани насилство, ниту еднаш да не се осуди организираниот насилен упад во Собранието, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

„Експеримент“, по три месеци се враќа на репертоар во МКЦ

Tеатарската претстава „Експеримент“, по текст и режија на Јане Спасиќ, а во продукција на здружението АРТОПИЈА - Скопје.Главна инспирација за претставата е книгата “The Lucifer Effect” на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.Група на фантазмагорични суштества, буфони, ги поседуваат сите искуства и мемории на човештвото. Нивна единствена цел е да го набљудуваат човекот, да бидат негово „критичко огледало“ и еднаш годишно да „мигрираат“ во реалниот свет за да му укажат на грешките. Доаѓа денот од годината кога треба да се „мигрираат“ во реалниот свет и повторно да огласат пред луѓето, но по кратко согледување на ситуацијата буфоните констатираат дека човекот постојано ги повторува истите грешки и нема капацитет да согледа дека тоа го води кон самоуништување. Решаваат да го откажат доаѓањето во реалниот свет бидејќи им се чини бесцелно, но сепак, еден од буфоните не сака да се откаже од човекот, наоѓа уникатен мемориум и успева да ги убеди дека можеби треба да се огласат за последен пат…Режија: Јане СпасиќИграат: Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона СпировскаКостовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска, Михаел СтојановскиСценографија: Кирил ВасилевКостимографија: Бранкица ЈорданоскаМонтажата на видеоматерјали: Горјан АтанасовДизајн на плакат: Кристина ГоровскаТехнички координатор: Кирил МечаловПродуценти: Филип Николовски, Наташа Петровиќ и Радослав Гогушевски

Магазин | пред 6 години

6 год.
vreme-za-16.03

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.За утре, меторолозите најавуваат претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец.

Македонија | пред 6 години

6 год.
patarina1

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Од АМСМ информираат дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

6 год.
durlovski-960x619

(ВИДЕО) По пресудата Дурловски објави нова песна без зборови за страдањето

Судот денес им изрече затворски казни од 221 година затвор за дел од учесниците во 27 април, а единствен ослободен денес беше перскиот пејач Игор Дурловски.Тој по пресудата објави нова песна, без зборови, но со многу емоции.– Кога слободата е ропство а среќата тага!Мелем на душа сте ми, сите #вие што со мисла, збор, присуство бевте со мене во најтешкото. Благодарам на дел од блиските што станаа далечни.#Длаборез е проект кој со солзи ја гали татковината, а од срце ви го поклонувам.Немаше да биде ваков без мајсторијата на моите пријатели:Кокан Димушевски – АудиоМартин Павловски-ШминкаЛаско Џуровски-Дизајн на текст. – стои во објавата на песната на Фејсбук.ВИДЕОИГОР ДУРЛОВСКИ

Македонија | пред 6 години

6 год.
Rule-Turs

Граѓани реагираат дека биле измамени од Руле Турс

Еве како  на Автобуската станица Руле Турс вршат класична кражба на патници. На нивната веб страна уредно стои напишано дека билет во еден правец на релација Скопје-Кичево чини 330ден. На шалтер ми издадоа карта од 430ден, згора на тоа кога реагирав дрско ми одговорија дека превозникот, во случајов Еуролинија, им ги налага тие цени. Отидов кај превозникот од каде ми одговорија дека нивниот билет чини 300ден + 30ден станична услуга доколку е купен од автобуска.Аплауз за Руле и мојот последен билет купен од автобуска👏 Епа децо, качувајте се од попатните станици и разликата од 100ден донирајте ја на некој што има потреба.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Za-Zaednica-Makedonija-Brakja-do-kraj-696x522

(ФОТО) Браќа до крај – Браќа за цел живот: Водачите на „За заедничка Македонија“

Бетмен ВелиТ на Фејсбук објви фотографија со наслов „Браќа до крај. Браќа за цел живот“, а на истата тој е прегрнат со своите „браќа“ од „За заедничка Македонија“.Еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ позната и како #Илинден4, Богдан Илиевски, познат и како Бетмен ВелиТ, на својот Фејсбук профил сподели фотографија со своите „колеги“ од протестите, Игор Дурловски, Борис Дамовски и Владо ЈовановскиИзвор: јавно.мк

пред 6 години

6 год.
presuda-27-2

Реакција: Казната од 7 години за Фета Алими докажува дека СРМ е далеку од демократијата и правдата

Иако во демократска земја не се коментираат одлуките на судот и пресудите, сепак, Северна Македонија е многу далеку од демократијата и правдата. Казнувањето со 7 години затвор на Абдулфета Алими кој е познат како единствениот човек кој го спаси животот на лидерот на АА - Зиадин Села ноќта на 27 април, за нас како АА претставува тенденција за да се амортизираат другите казни на организираната група, однапред проектирајќи и реализирајќи удар врз Собранието врз пратениците и пред се физичката ликвидација на Зиадин Села, се вели во реакцијата. Во продолжение на истата пишува:Нелогично е и бесмислено Фета Алими да се товари за предметот Тероризам и истиот да се поистовети со групата која тепаше   пратеници во Собранието на РСМ.Фета Алими во овој судски процес се третира како жртва со кој што се обидува да се зачува етничкиот "баланс" кон останатите казнети лица и кои јавноста ги знае како нарачатели и извршители на настаните од 27-ми април.Фета Алими денес требаше да биде награден од страна на државата, кој успеа да спаси човечки живот, и тоа на пратеник и лидер на народот како што е Зиадин Села ставајќи го во опасност сопствениот живот, а не да биде осуден на 7 години затвор и да се изедначи со оние кои што ги видовме на телевизиските екрани, како ги удираа со тврди предмети пратениците на кобната вечер од 27-ми април.Изразуваме длабоко жалење за политичкото  и правното казнување со 7 години затвор на Абдулфета Алими и предупредуваме дека ќе ги искористиме сите правни инстанции за да ја докажеме неговата невиност, се вели во реакцијата . 

пред 6 години

6 год.
tepacka1

Нападнати ученици од средно училиште на голем одмор

На 14.03.2019 година во 15,15 часот во СВР-Скопје, било пријавено дека на булеварот “Трета Македонска бригада“ во средно училиште за време на големиот одмор, Ф. А., А.М.и А.И., сите од село Копаница-скопско, заедно со уште две лица физички ги нападнале М.И (19) и Б.М. (18), двајцата од село Батинци. На М.И. и Б.М. им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
sise

Скопјани кршеле чаши и шишиња, па го нападнале соптвеникот затоа што им ја исклучил музиката

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривичнa пријавa против Н.Р. (47), Б.Р.(21) и Г.С.(37), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.Имено на 13.03.2019 година околу 01,30 часот во Скопје во угостителски објект во трговски центар откако З.В. сопственикот на објектот, ја исклучил музиката, второ и третопријавениот, почнале да ги кршат чашите и шишињата од масата, по што физички го нападнале истиот. Потоа во нападот се приклучил и првопријавениот, при што на З.В. му нанеле тешки телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Албански државјанин нелегално преминал кај Граничен премин “Деве Баир“

На 14.03.2019 година во 16,55 часот на Граничниот премин “Деве Баир“ од страна на пограничните полициски служби од ГКПП „Ѓуешево“ од Р.Бугарија бил предаден Ц.Д.(30) од Р.Албанија кој на 11.03.2019 година нелегално ја поминал државната граница од Р.С. Македонија кон Р.Бугарија. Лицето било приведено во Полициската станица за Граничен премин “Деве Баир“ и предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Во Штип од исконтролирани 23 автобуси од нов кај 8 била утврдена техничка неисправност

На 14.03.2019 година во времето од 07.00-11.00 часот Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на автобуси и возила кои вршат јавен превоз на патници. Контролирани се 23 автобуси од кои кај 8 била утврдена техничка неисправност,односно 6 биле со неисправен уред за сопирање и 2 останати уреди. 8 возила се исклучени од сообраќај, упатени на вонреден технички преглед и издадени се прекршочни платни налози.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Жител на Џепиште, узурпирал црковен имот- , МПЦ-ОА ја оштетил за 848.700 денари

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности“ и ,,бесправно градење“, полициската станица од Дебар, поднесе кривична пријава против М.Б.(65) од дебарското село Џепиште. Пријавениот, извршил узурпација на две катарстарски парцели, првата во месноста „Манастирец“, покрај брегот на Дебарското езеро во сопственост на манастирот „Св Арахангел Гаврил“ а втората во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со патишта. На узурпираните, вкупно 608 метри квадратни, тој изградил викендица. Со извршувањето на казнените дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна имотна корист од 934,800 денари, МПЦ-ОА ја оштетил за 848.700 денари а Јавното претпријатие во износ од 86.100 денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
migranti_kola

Превезувал мигранти, возачот и дел од нив се обиделе да избегаат

На 14.03.2019 година во 20,30 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на клучка Миравци, од страна на полициски службеници, било запрено за контрола патничко возило „Алфа Ромео 155“, а возачот и дел од патниците-мигранти, кои се превезувале во истото, се дале во бегство, додека во возилото биле пронајдени пет мигранти (еден од Авганистан и четворица од Пакистан).По преземени мерки и извршено пребарување на теренот, од страна на полициски службеници бил пронајден и приведен Е.Е.(41) од Скопје, по што тој и мигрантите биле предадени во Полициската станица за Граничен премин Богородица за понатамошна постапка. При преземање на службени дејствија, полицискиот службеник Л.М.(37) од Р.Чешка се здобил со повреда во пределот на раката и му била укажана помош во клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.Јавната здравствена установа-Гевгелија. По документирање на случајот, ќе следат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

6 год.
igri-sreka

Приредувал и организирал игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, заработи кривична

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Џ.(56) од село Добридол-Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “приредување на игри на среќа без лиценца односно без дозвола од надлежен орган“.На 08.02.2019 година во село Добридол-Гостивар, од страна на полициски  службеници при контрола во објект, сопственост на пријавениот, истиот бил затекнат како приредува и организира игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, односно дозвола издадена од надлежен орган. При тоа во наведениот објект биле пронајдени и одземени: куќиште од компјутер, телевизор, печатар за тикети, монитор за компјутер и пари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
petrovec-pozar

71 годишен прилепчанец запалил трева – изгорела викенд-куќа и помошна просторија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.И.(71) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување општа опсанот“.Имено на 26.02.2019 година во времето од 08,30 до 10,30 на подрачје на Прилеп на место викано „Орушица“, пријавениот, во нива сопственост на истиот, запалил трева, при што од силниот ветер, пожарот се проширил и ја зафатил викенд-куќата и помошната просторија, сопственост на З.А. кои целосно изгореле.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Пронајдено и приведено лице кое се барало за “тешка кражба“

На 14.03.2019 година од страна на полициски службеници од Единицата за потраги бил лишен од слобода В.А.(61) од Скопје кој се барал по наредба од Основен Суд Скопје 1 за издржување казна затвор за сторено кривично дело “тешка кражба“. Лицето било приведено во Полициската станица Гази Баба од каде било спроведено во КПУ затвор “Скопје“.

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Јанушев: Пресудите за 27-ми април се политички и израз на нервоза и тонењето на Заев

Денешната пресуда за случајот 27-ми април е резултат на политички монтиран процес, и е производ на евидентна неправда.Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се суди според политички мотиви, а не правни факти, истакна на пресс конференција Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Јасно е дека драконските казни се резултат на политички процес во пресрет на изборите. Тоа е последица на нервозата и паниката кај Заев. Треба да знае дека пресудите и прогонот нема да му помогнат, туку само ќе го тонат подолу.На дело се демонстрираше Кацарска судството и Русковска обвинителството кое за жал се потврди дека се само слуги на Зоран Заев. Не ги интересира ниту правото, ниту правдината. Не ги интересираат ниту доказите, ниту околностите. Ги интересира само спроведувањето на партиско политичките нарачки на Заев.Ние сме држава во која убијци на малолетни деца како што е случајот со Смилковско езеро се на слобода, а луѓе од 27-ми април се судат за терористи.Оваа пресуда е нарачана и однапред позната. Како поинаку да се објасни фактот дека против директорот на БЈБ кој учествувал во спречување на натамошна ескалација давале наредби за дејствување се гонат за тероризам, а заменик министерот кој не презема апсолутно ништо нема никаква постапка.Македонија е држава каде што се гази правдата и владеењето на правото не постои, тоа на секому му е јасно.Ова се очајни чекори на власта која губи.Правдата ќе дојде многу скоро, а оваа недемократска власт која се служи со тоталитарни методи и пресметка со опозицијата ќе биде поразена. Нема ниту еден очаен чекор да ја спаси оваа власт. Заев паѓаш. Паѓаш и тоа вртоглаво. Биди сигурен дека правдата ќе дојде и правдата ќе победи.Тогаш секој еден ќе мора да се соочи со своите постапки, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gorge-ivanov

(ФОТО) Иванов не го потпишува Указот за изменување и дополнување на Законот за енергетика

Претседателот на Ѓорге Иванов, не го одобрува ни Указот за изменување и дополнување на Законот за енергетика. Во дописот кој го испратил Иванов до Собранието на 14.03.2019 г. се вели:„Во извршувањето на функцијата Претседател на Република Македонија секогаш постапувам согласно дадената свечена изјава дека ќе го штитам Уставот и ќе ги бранам интересите на Република Македонија.Врз основа на член 75 од Уставот на Република Македонија, донесов одлука да не го потпишувам Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 7 март 2019 год“, пишува во дописот од кабинетот на претседателот до Собранието.

Македонија | пред 6 години

6 год.
presuda-27-2

Вкупно 211 години затвор за сите ученисици во крвавиот четврток

Вкупно 17 обвинети за упадот во Собранието на 27 април кои се гонат за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се прогласени за винови во Кривичниот суд, каде судија беше Добрила Кацарска.Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, како тогашна златна команда за протестите пред Собранието и за време на нападот, осуден е на 18 години затвор. Митко Пешов од МВР доби 15 години затвор. Душко Лазаров од МВР осуден е на 15 години. Горан Ѓошевски Леви, тогашен шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски е осуден на 15-годишна затворска казна. Оливер Поповски од МВР на 13 години, неговиот колега Оливер Радулов, на 10-годишна затворска казна. Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање доби 15 години, а Абдуљфета Алими доби 7 години затвор. Игор Дурловски, еден од водачите на протестите За заедничка Македонија, доби ослободителна пресуда. Од напаѓачите со фантомки, Младен Додевски доби 12 години. Јане Ченто доби 15 години, Горанче Анѓеловски 12 години. Игор Југ кој носел оружје и кој според сведоците и според некои кообвинети, требало да го убие Зоран Заев, осуден е на 12 години затвор. Влатко Трајковски доби 15 години, Вилијам Михајловски 14 години, Никола Митревски Кољо 15 години, Александар Василевски Нинџа 8 години.Дел од обвинетите се жалеле дека биле изманипулирани, дел велеле дека станувало збор за патриотизам. Кацарска рече дека не е патриотизам тепање на новинари и пратеници, како и разни чинови на насилство. Кацарска додаде дека ова ќе остане еден од црните денови на државата. Кацарска рече дека го разбира револтот поради селективната амнестија, но тоа е одлука на Собранието.За сите обвинети е побарано да бидат во притвор до правосилноста на пресудата, поради опасност од бегство.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања