Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДСМ: Поделени првите картички за „зелена“ нафта, 200 милиони денари ќе се вратат кај земјоделците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

zaev-nafta

Започна реализацијата на проектот „зелена нафта“, клучнa мерка, со која 200 милиони денари ќе се вратат кај земјоделците.

— реклама —

— реклама —

55.000 земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште, а воедно поднеле единствено барање за субвенции по Програмата за директни плаќања 2018 ќе можат да набавуваат за 30 отсто поевтина нафта за земјоделска механизација.

— реклама —

Со персонализираната картичка и со расположливата сума ќе може да се точи исклучиво „евродизел“ за земјоделската механизација.

Пресметката за тоа, кој земјоделец колку ќе има на картичката, ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции, при што минималниот износ износ кој ќе биде одобрен за мали производители е 500 денари, додека највисокиот износ е лимитиран до 100.000 денари.

Проектот „зелена“ нафта е одговор на децениските барања на земјоделците за реформи вo земјоделството кои ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше.

Целта на мерката е да се намалат трошоците на земјоделците, а воедно да се мотивира поконкурентно производство, а земјоделците да го окрупнат своето производство.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите да ги враќа парите назад кај граѓаните и да обезбедува услови за развој на земјоделството како клучна стопанска гранка, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања