Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Една година живеел со малолетничка и ја силувал, уапсен 26-годишник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryaghfv2svf1fi7Ja0A1g

26-годишен жител на радовишко село е осомничен за кривичните дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ и „вонбрачен живот со дете“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од МВР информираат дека СВР Струмица – ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против осомничениот поради постоење основано сомнение дека ги сторил наведените кривични дела.

— реклама —

Според пријавата, во периодот од 2025 година до 23 јули 2026 година, во куќата на родителите на малолетничката во радовишко село, каде што двајцата живееле во вонбрачна заедница, пријавениот повеќепати извршил обљуба врз неа, иако знаел дека не наполнила 15 години.

— реклама —

Осомничениот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на денот тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка при Основниот суд во Струмица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mrtov

Починат 58-годишен маж пронајден на улица во Гостивар

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Пукано во автомобил во движење на патот Дебреште – Врапчиште

Македонија | пред 4 часа

media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Возач на камион тешко повреден откако удрил во метална ограда на експресниот пат Прилеп – Градско

Македонија | пред 5 часа

tabanovce

Скопјанец приведен на Табановце со фалсификувана словенечка возачка дозвола

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања