„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

10 одвратни работи кои ги прават рестораните со цел да заштедат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Кога јадат во ресторани, поголемиот дел од луѓето очекуваат внимателно припремен оброк од квалитетни состојки, но вистината е често поинаква.

— реклама —

Рестораните неретко користат трикови со цел да заштедат пари, а некои од нив се прилично одвратни.

— реклама —

Подгревање на храна

Никој не сака предолго да ја чека својата храна, па затоа брзината за нејзината припрема влијае на успешноста на ресторанот. Без оглед дали ресторанот е преполн со гости или не, оброкот мора да стигне до вашата маса во најкраток можен рок, па затоа често се спремаат одредени јадења однапред и пред послужувањето само се подгреваат и се декорираат.

Послужување храна со истечен рок

Фрлањето храна е голема загуба за ресторанот, па затоа често се случува тие да послужуваат храна со истечен рок на траење, надевајќи дека дека ќе избегнат било какви последици.

Храната не се чува во соодветни услови

Месото и морските плодови честопати не се чуваат на соодветна температура. Исто така, може да се случи ресторанот да остане без електрична енергија и фрижидерите да бидат исклучени подолго време или пак храната да е предолго време замрзната.

Валкани чаршафи и салфети

Луѓето често истураат храна по чаршафите, а за ресторанот не е исплатливо секојдневно да ги пере истите по секој гостин. Затоа персоналот најчесто само ги чисти видливите дамки и повторно ги враќа на масата.

Валкани садови

Перењето садови во машина е долг и прилично скап процес, па затоа некои ресторани се одлучуваат само да ги исплакнат садовите, да ги избришат и повторно да послужуваат во нив.

Вработените не носат ракавици

Честопати се случува вработените во рестораните да ја допираат храната со раце кои не ги измиле по претходните работи. Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од персоналот во рестораните само ги брише рацете со крпа и продолжува со подготовка на друго јадење.

Болни вработени

Недостигот од слободни денови за вработените во рестораните понекогаш значи дека тие нема да ги искористат деновите за закрепнување, туку ќе дојдат на работното место дури и кога се болни иако постои опасност да ја прошират заразата.

Послужување грицки кои некој веќе ги консумирал

На некои места додека ја чекате храната ќе ви послужат грицки како на пример переци. Во поголемиот дел од рестораните, тие се чуваат во еден сад, а доколку некој не ги изеде своите переци, остатокот едноставно се враќа во садот од кој повторно се зема за следните гости.

Преточување на кечап

Кога во шишето ќе остане малку кечап, персоналот најчесто ги префрла остатоците во ново шише. Можеби тоа наизлед не делува како голем грев, но таквото преточување од повеќе шишиња може да значи и поголема циркулација на бактерии.

Послужување храна која им паднала на подот

Тоа можеби ќе го направите и дома, но мора ли да нагласиме колку повеќе бактерии има на подот од ресторанската кујна во споредба со вашиот под?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања