Промени тема
Контакт

100 дена влада, исто како 5 години неуспеси и предавства, од Македонија има се помалку, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

100 дена влада, исто како 5 години неуспеси и предавства, од Македонија има се помалку, вели ВМРО-ДПМНЕ

„100 дена влада 1 милијарда задолжување. Ова се пари кои оваа влада ќе ги позајми за одржување на ликвидност, затоа што економијата пропаѓа од нивните лоши политики.

100 дена влада, еден обид за криење на убиство, украдено оружје од полициска станица во Охрид, украдено масло од марихуана вредни над 2 милиони евра од објект со десетици камери.

100 дена влада, отворање на клуб „Ванчо Михајлов“, со профашистички тенденции.

— реклама —

100 дена влада, 100 дена порази.

100 дена влада и 5 години СДСМ, 100% поскап леб, брашно, зејтин, 70% поскапи горива, 30% поскапа струја, 15% поскапо парно греење, а платите не се зголемија ниту еднаш.

100 дена влада и 5 години СДСМ, криминал и корупција во врвот на власта. Се бараа провизии за вакцини, тендери се местеа за блиски од власта, РЕК Битола се остави без јаглен на почеток на грејна сезона.

— реклама —

Вице Заев се бришеше од кривични пријави, Рашковски местеше тендери, Ден Дончев ставаше туциња пари во торба, Мухамед Зекири делеше милиони без тендерска постапка, и додека се ова се случуваше Љупчо Николовски се фалеше дека запленил две кутии путер со истечен рок на употреба.

Не смее да се заборави дека ненадмината лага за овие 5 години е вработување на 300 пилоти ветено во Арачиново лично од Зоран Заев и Оливер Спасовски.

— реклама —

5 години СДСМ, 5 години како земјоделците мака мачат да го продадат произведеното.

5 години СДСМ, 5 години лаги дека само што не сме добиле датум за преговори, 5 години разочарувања и обезличувања“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања