Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

100 милиони евра поддршка од ЕУ, преговорите носат придобивки, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
makedonija-evropa-eu-mkd-2

Почетокот на преговорите со Европската унија на државата и на граѓаните им носи конкретни придобивки. Европската комисија даде предлог за макрофинансиска поддршка за економијата на Република Северна Македонија до 100 милиони евра за следните две години помош, вели СДСМ

— реклама —

„Спроведувањето на поддршката ќе се уреди со Меморандум за разбирање со ЕУ, кој се очекува да се фокусира на реформите во фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството и борбата против корупција.

— реклама —

ЕУ пред само неколку дена додели грант од 53 милиони евра за три стратешки енергетски проекти, а во јули минатата година Брисел одобри 225 милиони евра за четири инвестициски проекти во државата.

За справување со економската и енергетската криза ЕУ лани обезбеди 80 милиони евра за Република Северна Македонија.

— реклама —

Со ова уште еднаш се докажува кој стои до нашата држава во тешки времиња и во време на економска и енергетска криза.

— реклама —

Евроинтеграцијата носи развој и напредок на државата, европски вредности и сигурна иднина за подобар живот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања