Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

100 турски инженери ќе се обучуваат во Русија за процесот за производство на оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
turcija-rusija

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција соработува со Русија на производство на противавионските ракетни системи „С-500“. Како што пишува „Хабертурк“ Ердоган веќе испратил 100 инженери во Русија на обука за процесот за производство на оружје.

Инаку купувањето на С-400 предизвика тензии меѓу Турција и САД. Вашингтон ја предупреди Анкара дека постои можност од воведување санкции доколку го реализира купопродажжниот договор.

— реклама —

„Апсолутно нема шанса Турција да се откаже од купувањето на системот С-400. Тоа е завршена работа“, изјави Ердоган синоќа во Истанбул и додаде дека Турција со Русија „ќе го произведува и системот С-500 по купувањето на С-400“.

САД сметаат дека договорот за С-400 претставува закана за западните земји. Вашингтон побара од Анкара да бира меѓу рускиот ракетен систем и американските стелт ловци Ф-35, кои исто така ѝ се потребни на Анкара.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања