Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

„100.000 евра чинат партиските и медиумски договори на Орце Ѓорѓиевски“, обвинува советничката Трајковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

„Советничката група на СДСМ во Кисела Вода реагира на скандалозното трошење пари на граѓаните за партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ, медиумски мегафони на опозицијата, роднини и пријатели на градоначалникот“, вели Емилија Трајковска, советничка во Советот на Општина Кисела Вода.

Таа додава:

„Ова е недомаќинско и расипничко трошење на општинските пари и дејствување на штета на граѓаните.

Не може да немаат пари за струја, за парно, за помош на граѓаните среде криза а немилосрдно да ги трошат парите на граѓаните за партиски вработувања и вдомувања на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на своите роднини и пријатели.

— реклама —

Ѓорѓиевски одвојува шест милиони денари или околу 100.000 евра за згрижување на свои блиски луѓе.

Затоа, како советничка група денеска на седницата на Советот, преку посебна точка на дневниот ред, ќе побараме овие пари да се пренаменат за справување со последиците од економската и енергетската криза.

100.000 евра за општина како Кисела Вода се сериозна сума на пари со кои може да им се помогне на граѓаните, сега кога е најпотребно во време на огромна криза.

— реклама —

Наместо за непродуктивни трошења парите да завршат кај граѓаните

Очигледно е дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е партија која расипнички ги троши парите на граѓаните и освен што ги партизира општините, ништо друго не работи“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања