Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

11 сообраќајки во Скопје во изминатиот ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Во текот на изминатиот ден (26.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и осум со материјална штета.

— реклама —
— реклама —

Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: девет затоа што управувале возило под дејство на алкохол, четири возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници.

— реклама —

Исто така исклучени од сообраќај се и три возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување и двајца поради неносење пропишана зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 50 мандатни платни налози и 54 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања