Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

11 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување“, девет немале возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH
ФБ

Единаесет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

— реклама —

Според МВР, деветмина од нив управувале возило без да имаат положено возачки испит. Меѓу нив има лица од Скопје, Јурумлери, Студеничани, Гостивар, Неготино, Гевгелија, Прилеп и Битола, а еден од возачите е 17-годишник.

— реклама —

Во два случаи биле утврдени други прекршоци. Ј.Т. (36) од село Виничани управувал возило под дејство на алкохол, додека Ф.Г. (20) од Кочани бил затекнат како управува возило и покрај активна забрана за управување.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

makedonija-zname-610x400-1

Дронови ќе надлетуваат кај Музејот на современата уметност за 23 Октомври

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Серија насилни инциденти во Македонија: Мајка ја нападнала ќерката со тврд предмет, ученик претепан од соученик, маж ја тепал сопругата

Македонија | пред 13 часа

media-librarya4m2v5agpe4j9xFAm3A

Возач на електричен тротинет удрил 71-годишна жена и избегал

Македонија | пред 13 часа

hitna_pomoc

Примиле повик за повредено лице, но не испратиле медицинска екипа – кривична за двајца вработени во Итната медицинска помош во Тетово

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања