Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

11 возачи лишени од слобода за едно деноноќие – осум возеле без дозвола, тројца пијани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library1bpobc207rml3SDGVQ9
Фото: Министерство за внатрешни работи

Единаесет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации низ Македонија поради безобѕирно управување со моторно возило, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Осуммина од нив управувале возила без претходно положен возачки испит. Станува збор за лица од Скопје, Батинци, Порој, Гостивар, Радовиш, Раклиш, Струга и Лисичани.

— реклама —

Во Гостивар бил повикан и 16-годишник кој управувал патничко возило без да има право на управување, а со него бил извршен службен разговор во присуство на родител.

— реклама —

Други тројца возачи биле затекнати зад воланот под дејство на алкохол, откако претходно учествувале во сообраќајни незгоди. Станува збор за лица од селата Биљановце, Драмче и Осиче.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и да не управуваат возила без положен возачки испит, под дејство на алкохол или со изречена забрана за управување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Нападнале жена додека го напасувала добитокот, кривична пријава за три лица

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryir3376islrh77wbHiEE

Седум возачи приведени во едно деноноќие, сите управувале без возачка дозвола

Македонија | пред 14 часа

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Насилството низ Македонија не запира: Пријавени напади во семејни домови, на работно место и по сообраќајни расправии

Македонија | пред 15 часа

media-library442u516q70206nazeAm

Жена се здобила со тешки повреди откако ја удрил автомобил

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања