„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

12-годишно девојче групно силувано во Франција: Злосторство извршено поради нејзината вера

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
pariz

Двајца малолетници се осомничени за силување, смртни закани, навреди и антисемитско насилство врз 12-годишно девојче во Курбевоа, Франција, соопшти обвинителството во Нантер. Трет малолетник е осомничен дека помагал и бил сведок на силувањето.

— реклама —

Тројца малолетници се уапсени во понеделникот и „имаат притвор во зависност од нивната возраст“, ​​објаснуваат од обвинителството. На двајца 13-годишници им е одреден притвор, додека на 12-годишник и е одредена привремена воспитна мерка. Случајот предизвика бурни реакции кај еврејската заедница, пишува Le Monde.

Отежната околност за осомничените малолетници лежи во тоа што тие делата ги сториле „поради верската припадност на жртвата“, посочи државниот правобранител.

— реклама —

Според полициски извор од агенцијата Франс прес, 12-годишното девојче изјавило дека и пришле три момчиња и ја влечеле додека била во парк во близина на нејзиниот дом со пријател. Осомничените ја претепале и „ја принудувале на анална и вагинална пенетрација, орален секс, со смртни закани и антисемитски навреди“, рекол изворот.

Пријателот на жртвата успеал да ги идентификува двајцата напаѓачи. Девојчето по нападот било пренесено во болница. Направена е гинеколошки преглед кој потврдил дека е силувана.

Хаим Корсија, главниот рабин на Франција, предупреди на „невиден антисемитски бран“ и нагласи дека е „згрозен“ од настанот. Претставничкиот совет на еврејските институции на Франција ја изрази својата тага „поради трагичното силување на девојчето“, најавувајќи дека „внимателно ќе ги следи сите случувања во овој крајно загрижувачки случај“.

Антисемитските акти се зголемија во Франција во првиот квартал од 2024 година, според владините податоци. Во првите три месеци од годинава евидентирани се вкупно 366 антисемитски дејствија, што е за 300 отсто зголемување во однос на лани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања