Шеснаесетгодишно момче е уапсено под сомнение дека извршило обљуба врз девојче старо 12 години. Против него е поднесена кривична пријава за обљуба врз дете.
Се работи за деца од српскиот град Зајечар. Српската полиција сè уште не објави повеќе информации за случајот, но она што е познато, е дека девојчето сега очекува бебе.
Според неофицијалните информации на српски „Телеграф“, девојчето е во четвртиот месец од бременоста.
Таа го напуштила домот на родителите и се преселила кај него. Во случајот се вклучи и Центарот за социјални работи и истрагата е во тек, велат извори од институциите за „Телеграф“.