12 кандидати ќе се борат за градоначалничкото место во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
skopje-1

Вкупно 297 кандидати ќе се борат на претстојните локални избори на 17 октомври за градоначалници во 80 општини и Град Скопје, покажуваат резултатите од списокот што денеска го објави Државната изборна комисија.

— реклама —

Најмногу пријавени кандидати за градоначалник – 12 има за Град Скопје. Меѓу нив и за Скопје. Актуелниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ, поддржан и од ДУИ, ќе се соочи со независната кандидатка Данела Арсовска, која ја доби поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса-Алтернатива.

Во трката за главниот град е и Бени Шаќири, предложен од партиите ДОМ и ЛДП, Ана Петроска од коалицијата на активисти „Хуман зелен град“. Уметникот Петар Георгиевски Камиказа, се кандидира како независен, но е поддржан од партијата „Левица“, адвокатот Александар Тортевски е кандидат на партијата „Твоја“, а поранешен пратеник на НСДП, Љубомир Јосифовски, се кандидира како независен.

— реклама —

За скопските градски и приградски општини за Центар се пријавени седум кандидати за градоначалник, за Аеродром пет, за Бутел два, за Карпош шест, Кисела Вода шест, Гази Баба четири, Ѓорче Петров шест, Чаир пет, Арачиново три, Сарај четири, Шуто Оризар шест, Илинден четири, Петровец три, Сопиште два, Студеничани три и Чучер Сандево четири кандидати за градоначалник.

Од другите општини во земјава најмалку кандидатури за градоначалник, само две има во Маврово Ростуше.

Од ДИК велат дека податоците за листи на кандидати за членови на советите се во обработка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања