12 Март – Светски ден на бубрегот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин
bubrezi

Светскиот ден на бубрегот / World Kidney Day е најодбележуван настан во светот кој се фокусира на важноста на здравјето на бубрезите. Светскиот ден на бубрегот се одбележува секоја година во вториот четврток од месец март, во повеќе од 200 земји ширум светот.

— реклама —

И Македонија преку активностите на Здруженијата Нефрон и МЗНДТВО (Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи) се приклучи кон Светската кампања уште од 2007 год. и од тогаш организираме секоја година различни настани на теми поврзани со бубрежните заболувања. Во 2020 година светската кампања е насочена кон важноста на превенцијата на бубрежните заболувања и гласи: “ОД ПРЕВЕНЦИЈА ДО ДЕТЕКЦИЈА И ПРАВИЧЕН ПРИСТАП ДО НЕГА’’

— реклама —

 Бубрежните болести се незаразни болести кои во моментов погодуваат над 850 милиони луѓе ширум светот.

— реклама —

 Еден од десет возрасни има некоја форма на хронично заболување на бубрезите.

 Во глобални рамки ХББ (хроничната бубрежна болест) секоја година расте и се предвидува дека во 2040 година ќе биде 5-та болест како причина за смртност на годишно ниво.

И во Македонија според статистиката 1 од 10 возрасни има некоја форма на бубрежно заболување.

Во краен стадиум на болеста ХББ кога е неопходно да се примени бубрежно-заместителна тералија во март 2020 година со дијализа се лекуваат 1600 пациенти во 23 центри за дијализа. Дијализните третмани во Македонија се редовни, навремени, бесплатни (на товар на ФЗОМ) и обезбедени за секој граѓанин без ралика не неговата припадност (социјална, верска, родова и др) .

Од 1977 г. па досега во центарот за трансплантација на бубрези се извршени 420 трансплантации, од нив 90% се трансплантации од познат-жив дарител. Најголем број од пациентите не можат да обезбедат соодветен донор од семејството и очекуваат здравствениот систем и здравствените власти во Македонија сериозно да пристапат и да се заложат за развој на кадаверичната трансплантација на органи преку развој и поттикнување на донирањето на органи после смртта. Неопходно е отпочнување на континуирана Национална кампања за органодарителство.

ХББ е болест за која се трошат огромни средства од здравствените буџети. Трошоците за дијализа и трансплантација се надополнуваат со други трошоци за лекување на компликациите кои болеста ги предизвикува. Затоа е неопходно под итно да се воведат нови лекови и нови генерици за бубрежно болните лица ( на дијализа и трансплантирани ) терапија која е достапна во многу земји во регионот, апелираат од Здружението Нефрон.

Бубрежните болести можат да се превенираат и лечат доколку наврмено се откријат. Затоа на денешниот ден апелираме најмалку еднаш годишно да ја проверувате функцијата на бубрезите преку едноставни тестови на крвта и урината (мерење на вредностите на уреа и креатинин). Со редовна регулација на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта допринесувате бубрзите да се одржуваат здрави, здравиот начин на живот со редовна физичка активност и консумирањето течности и здрава храна, а одбегнување на косумација на нефротоксични лекови, цигари и алкохол се препораките кон кои треба да се придржува секој човек за да го зачува бубрежното здравје.

фото: moezdravje.com

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања