Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

12 нови возила за Итната помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC08858-2

Примарната здравствена заштита е основа на здравствениот систем и затоа зајакнувањето на нејзините капацитети е од круцијално значење за подобрување на здравствената заштита на граѓаните во Република Северна Македонија.

— реклама —

Со новите 12 возила на Итната медицинска помош, за пациентите овозможуваме неопходната здравствена услуга да ја добијат многу побрзо и таа да биде уште поквалитетна. Дополнително, во голема мера ги подобруваме и условите за работа на здравствените работници.

— реклама —

Возилата се опремени со најсовремена медицинска опрема. Шест од вкупно 12 амбулантни возила ќе бидат наменети за градот Скопје, додека пак останатите ќе бидат распределени во градовите каде што има потреба од нив.

Инаку, при набавката на амбулантните возила Министерството за здравство заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра.

Постигнувајќи ја најниската цена, од предвидените 30 милиони и 500 илјади денари, за 12-те возила од буџетот на министерството, се издвоени 18 милиони и 300 илјади денари (без ДДВ).

12-те нови возила за Итната медицинска помош ќе бидат пуштени во употреба за неколку денови, откако тие ќе бидат регистрирани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања