Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

12 прашања на кои молчи за семејниот бизнис: Бошњаковски – од војвода, до „џин“ и претседателски шеф

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Untitled-1-1

Додека џинот се подготвува во галичкиот крај, Миле Бошњаковски, шеф на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, пет дена не најде причина да одговори на 12 прашања за семејниот бизнис. Дека се е тазе во семејството Бошњаковски, сосе производството на џин говори и фактот што се обидовме, но не успеавме да купиме од онлајн продавницата. Може само да се дегустира, директно во Галичник. Но за тоа треба термин. Плановите за џинот на Бошњаковски се големи за идната 2024 година –која случајно или не се поклопува со претседателските избори.

Џинот е план „Б“ ако Бошњаковски не остане во претседателскиот Кабинет?

За семејниот бизнис на Бошњаковски се слушна откако „Фактор“ објави детали. Потоа, „Скопје1“ провери во Централен регистар, од каде добивме информации дека основач и управител е неговата сопруга, а основана е во јуни годинава. Оттука се наметнаа повеќе прашања, од кои дел ги поставивме и директно на Бошњаковски.

Едни од поважните се оние за етичкиот дел – спојот на претседателски шеф на кабинет со производство на алкохол. Бошњаковски сепак реши да не одговори дали е етички да има ваков семеен бизнис додека ја извршува функцијата, но и дали претседателот Стево Пендаровски знаел пред да донесат семејна одлука за основање. Па така, не се знае ниту дали ја има поддршката од шефот на државата.

Со оглед дека големиот исчекор на семејната компанија ќе биде идната година, нѐ интересираше и дали семејниот бизнис за него е резервна опција за работа и приходи, по завршување на мандатот на Пендаровски. Но првиот човек на транспарентниот кабинет, реши да не биде транспарентен со јавноста. Не кажа ниту дали другите вработени во Кабинетот имаат опција „Б“ доколку Пендаровски не добие втор мандат.

 

Што знае шефот на Кабинет за производство на алкохолни пијалаци?

— реклама —

Новинар, уредник, лице за комуникации, тренер, директор, портпарол. Ова се само дел од функциите кои Миле Бошњаковски ги извршувал во неговата кариера. Во неговата биографија објавена на претседателскиот веб-сајт, никаде не стои дека има искуство со производство на џин. Дали ќе има своја улога во семејниот бизнис и која ќе биде – не се открива.

Со оглед дека светски истражувања покажуваат дека џинот е алкохолен пијалак кој не штети на здравјето, а воедно, има и најмалку калории, нѐ интересираше дали можеби ќе добие и препорака од шефот на кабинет на претседателот Пендаровски. Но и на ова, Бошњаковски не одговори.

Тајна остана и од каде потекнува идејата за ваков бизнис.

— реклама —

Бошњаковски и џинот имаат едно НЗС = Галичник

 

Ако отидете во Галичник и сакате да дегустирате од џинот на Бошњаковски, имате пакети.

„Пакетот се состои од чаша чист Џин, чаша Џин со мраз и кора од лимон и чаша Џин со Тоник и мезе Пршута & Кашкавал. Се разбира дегустацијата е проследена со приказната на White Ridge и објаснување на процесот на неговото создавање“, е објавено на веб-страницата „Galichnik Spirit Lab“.

— реклама —

Но и пред дестилеријата за алкохол, Бошњаковски се поврзуваше со ова место. Таму јаваше коњ облечен во народна носија за време на „Галичка свадва“, додека беше владин портпарол. Потоа, во 2021 година се најде на листите за да биде дел од Советот на Месната заедница Галичник.

Јавен податок дали Галичник е и родното место на Миле Бошњаковски – нема. Од фотографиите се чини дека меѓу Галичник и претседателскиот шеф, има хемија. Дали ова било пресудно за сопругата да го отвори бизнисот – молк. Побаравме јавни податоци за точната адреса на дестилеријата на Бошњаковски лоцирана на Галичник, но и тоа не е достапно. Едно е сигурно и идејата за семејниот бизнис доаѓа од ова место.

Сувиот џин White Ridge е првиот производ на дестилеријата „Галичник Спирит Лаб“ и замислено е да се најде на европскиот пазар како пијалок со традиционални карактеристики. Неговото рекламирање веќе е започнато на големо на социјалните мрежи, каде се најавува почетокот на продажбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања