„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

12 сообраќајки во Скопје во изминатиот ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Во текот на изминатиoт ден (24.12.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои пет со телесни повреди и седум со материјална штета.

— реклама —

При сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со лесни телесни повреди. 12 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 13 возачи бидејќи осум го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и тројца управувале под дејство на алкохол. Осум возила се исклучени од сообраќај бидејќи пет биле нерегистрирани и три технички неисправни.

Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица неправилно се престроиле, седум не поседувале пропишана зимска опрема, седум не користеле сигурносен појас и 21 користеле мобилен телефон додека го управувале возилото. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози,  додека исто така 74 возила се подигнати со "Пајак".

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања