Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

12 возачи уапсени за „безобѕирно управување возило“, осуммина немале положено возачки испит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarys3rfga96lgp32DW9EYn

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата на различни локации во државата лишила од слобода 12 возачи поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Од приведените, осум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Ј.Л. (20) од село Батинци, скопско, О.Ф. (22) од Скопје, В.Ќ. (34) од Гостивар, Л.Р. (38) од село Ѓурѓевиште, Општина Врапчиште, П.А. (22) од Кочани, Ф.Ш. (24) од Штип, Л.Ј. (21) и 15-годишна малолетничка од Прилеп.

Двајца од возачите, В.А. (46) од Скопје и Н.С. (27) од Кратово, управувале возила и покрај активна забрана за управување моторно возило.

— реклама —

Д.Н. (66) од Тетово, пак, бил затекнат како управува патничко возило под дејство на алкохол.

— реклама —

А.Н. (55) од село Велешта, струшко, истовремено управувал возило со активна забрана за управување, под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Турски државјанин баран за убиство во Македонија уапсен на граничен премин во Албанија

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarymq4e4hct6a5nf4hS35g

(Видео) Откриен и санкциониран скопјанецот кој со камион истураше градежен шут на зелена површина

Македонија | пред 16 часа

media-libraryv5rp0p9i7q99amaitxz

Дрога, дигитални ваги и пари пронајдени при претрес во дом во Велес

Македонија | пред 17 часа

media-librarymoi56gags4e9fDeie1C

Двајца дрвокрадци приведени во прилепско и крушевско, одземени нежигосани дрва

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања