Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

121 возач „лудувале“ по скопските сообраќајници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
stop-policija

Во текот на изминатите денови (09, 10 и 11.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 121 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 78 возачи од кои: осум возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол и 70 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Исто така, исклучени од сообраќај биле 63 возила од кои едно возило бидејки било технички неисправно и 62 возила бидејќи биле нерегистрирани.

— реклама —

Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци,еден возач поради неправилно престројување, осум возачи поради неправилно престигнување,еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци. Во текот на изминатите денови издадени се 278 мандатни платни налози.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања