13-годишник од Скопје бил донесен со повреди во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ по физички напад на подрачјето на Општина Аеродром.
Од МВР информираат дека на 25 септември во 15:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека детето било донесено во болницата со повреди.
Според пријавеното, околу 12:20 часот, 13-годишникот бил физички нападнат од С. Р., родител на негов соученик.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.