Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

13 лица го загубија животот во сообраќајки во Кина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Во сообраќајни несреќи во централна Кина животот го загубија најмалку 13 лица, а десетина се повредени, додека милиони семејства се враќале дома по празникот Лунарна Нова година.

Пет лица загинаа утрово во 5 часот во верижен судир во кој учествувале 23 возила во близина на градот Анчинга во провинцијата Анхуи.

— реклама —

Втората несреќа се случила три часа подоцна во близина на главниот град на провинцијата Хефеи кога минибус се судрил со патничко возило.

Во два верижни судири во кој имало најмалку 100 возила животот го загубија две лица, а 50 се повредени, од кои 10 се со тешки телесни повреди.

— реклама —

Провинциите Гуиџу и Анхуи се погодени од снег и леден дожд поради што автопатите биле лизгави.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања