„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

13 лица под истрага за Криумчарење мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
migranti_kola

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 13 лица, македонски државјани за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти“ предвидено и казниво по член 418 -в став 1 и 2 и кривично дело – „Криумчарење на мигранти“ по член 418 – б став 3 во врска со став 4 и став 2 од Кривичниот законик.

— реклама —

По четиримесечна предистражна постапка под раководство на надлежен јавен обвинител, денеска во соработка Министерството за внатрешни работи е спроведена координирана акција за спречување на организирана група за вршење на кривични дела поврзани со криумчарење мигранти. Извршени се претреси во 12 објекти во Скопје, Гевгелија и Валандово и лишени се од слобода девет лица.

Криминалната група која брои 14 члена од кои еден е НН лице, има дефинирана структура и строга хиерархиска поставеност, а воедно е поврзана и со грчки криминални структури. Оваа група во периодот од мај до крајот на септември од нашата јужна граница долж Повардарието до Кумановско-Липковскиот регион, а потоа кон север спровела 395 мигранти од Aвганистан, Пакистан, Ирак, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот исток. Меѓу мигрантите имало 18 деца. Откако ќе биле прифатени мигрантите од страна на членовите на групата биле сместувани во автомобили или багажните простори на автомобилите и со брзина од над 200 км/час биле превезувани до договореното место, притоа загрозувајќи го сопствениот живот, животот на мигрантите и на другите учесници во сообраќајот. За пренесување, прифаќање, засолнување и превоз на мигрантите биле наплаќани од 180-250 евра, при што членовите на оваа група за споменатиот период се стекнале со значителна противправна имотна корист од околу 150.000 до 200.000 евра.

— реклама —

Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за деветмината лишени од слобода во денешната акција. Еден од осомничените е на издржување на казна затвор за друго кривично дело, едно осомничено лице е под истрага и во притвор за истото кривично дело во Р.С.Македонија, а едно во притвор во Р.Србија. Еден осомничен не е достапен на органите на прогонот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања