Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

13 лица со дрвени стапови и метални шипки нападнале криминалистички техничар, Обвинителството во Струмица спроведува истрага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

– Сите осомничени заедно, на 18 август, нападнале службено лице – криминалистички техничар во МВР-СВР Струмица кој излегол на лице место во селото Баница за да фотодокументира пронајдени кошови со пчели – предмет на пријавено кривично дело „Кражба“. Осомничените со дрвени стапови, метални шипки и други предмети најпрвин започнале да удираат врз полициското возило. Во еден момент, додека службеното лице се обидувало да се легитимира, еден од осомничените ја отворил возачката врата, насилно му ја одзел легитимацијата и мобилниот телефон, а потоа почнал да го удира со тупаници по главата и по телото. Потоа го извлекле криминалистичкиот техничар од возилото, го турнале на земјата и продолжиле да го удираат со тупаници и со разни предмети. Во тоа се придружило и едно малолетно лице против кое се води посебна постапка. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе тешки телесни повреди, известуваат од Обвинителството.

— реклама —

— реклама —

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица донесе решение за кое на петмина од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања