Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме, три лица уапсени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 45 минути -

Македонија
media-libraryujc79p0psmlb3GQcTLT

Вкупно 13 нарушувања на јавниот ред и мир биле регистрирани за време на прославата на Денот на албанското знаме на подрачјата на Скопје, Тетово, Охрид и Куманово. Министерството за внатрешни работи информира дека три лица биле лишени од слобода, поднесени се две кривични пријави и изготвени 10 записници за прекршоци.

— реклама —

Во Скопје биле регистрирани седум нарушувања, меѓу кои случаи на отстранување или оштетување државни симболи, непристојно однесување и сообраќајни прекршоци. Поднесена е кривична пријава против дете за безобѕирно управување со моторно возило, а две лица биле лишени од слобода.

— реклама —

Во Тетово биле регистрирани два настани со употреба на пиротехнички средства од деца, како и поставување албанско знаме на полициско возило. Во Кичево биле поставени знамиња на Албанија на градскиот плоштад, додека во училиште во Струга биле истакнати албански знамиња без македонското знаме.

— реклама —

Во Куманово, за време на дефиле со возила, полицијата пронашла пиштол „Црвена Застава“ со рамка и пет куршуми кај едно лице, кое било лишено од слобода. Против него се постапува поради сомнение за недозволено поседување оружје.

— реклама —

Од МВР велат дека продолжуваат со мерките за целосно расчистување и документирање на сите случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Пешак тешко повреден откако бил удрен од „голф“ на патот кон ХЕЦ „Козјак“

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

Излажал дека бил ограбен, 37-годишник од штипско доби кривична пријава

Македонија | пред 1 час

media-librarym2fptag9qpel3oCpg2s

Влегле во Македонија со турски, а сакале да излезат со сомнителни бугарски документи, приведени двајца турски државјани на аеродромот во Скопје

Македонија | пред 1 час

media-librarylhna0fmvtofr7QcnZnQ

Пијан татко го нападнал синот со дрвени предмети

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања