Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

134 новозаболени, скоро 100 се од Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
skopje-5

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-97, Куманово-5, Прилеп-1, Тетово-11, Струга-3, Велес-1, Битола-1, Кавадарци-1, Крушево-2, Валандово-1, Кратово-1, Кичево-2, Ресен-7, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-23, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-2.

Од вчера регистрираните, два теста се контролни, а по завршени епидемиолошки анкети во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 1995, активни 1323

•       Куманово 651, активни 207

•       Дебар 61, активни 10

•       Штип 244, активни 202

•       Прилеп 230, активни 18

•       Тетово 440, активни 261

•       Струга 138, активни 60

•       Велес 154, активни 29

•       Битола 35, активни 8

•       Охрид 73, активни 55

•       Кавадарци 8, активни 3

•       Гостивар 69, активни 44

•       Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

•       Струмица 9, активни 6

•       Крива Паланка 10, активни 4

•       Радовиш 4, активни 0

•       Крушево 5, активни 2

•       Кочани 55, активни 24

•       Пробиштип 11, активни 9

•       Демир Хисар 1, активни 0

•       Македонски Брод 3, активни 1

— реклама —

•       Пехчево 5, активни 2

•       Берово 2, активни 1

•       Валандово 5, активни 4

•       Виница 3, активни 0

•       Делчево 1, активни 0

•       Кратово 4, активни 2

•       Свети Николе 10, активни 9

•       Кичево 5, активни 3

•       Ресен 32, активни 31

•       Неготино 18, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1173 тест се преку: ИЈЗ –456, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена –97, Биотек –154, Систина со PCR метода –135, МАНУ -168, Жан Митрев (Филип Втори) -128. Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на ковид -19.

Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5, вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

— реклама —

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 25 нови, а вкупно хоспитализирани 120 пациенти. На респираторна машина се 12, a со потешка клиничка слика се 23 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•       Чаир – 302

•       Аеродром - 118

•       Бутел - 110

•       Гази Баба - 104

•       Центар – 105

•       Карпош – 94

•       Сарај – 96

•       Кисела Вода – 64

•       Ѓорче Петров – 53

— реклама —

•       Студеничани – 52

•       Шуто Оризари – 40

•       Арачиново – 33

•       Илинден – 27

•       Петровец – 9

•       Чучер Сандево – 7

•       Сопиште – 8

•       Зелениково-1

•       Странец – 2

---

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска нема да одржи прес-конференција, но сите пристигнати новинарски прашања ќе бидат одговорени во најкраток временски рок.

*Поради технички проблеми со службениот е-меил, оваа порака ја испраќам од приватниот е-меил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања