Во дворно место на куќа во Гостивар се случила сообраќајна незгода во која биле повредени две малолетнички.
Како што информира МВР, на 22 септември во 12:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека 16-годишна малолетничка од Гостивар, управувајќи со електричен тротинет, изгубила контрола и паднала.
При падот, 14-годишната сопатничка од Гостивар се здобила со тешки телесни повреди, додека 16-годишната малолетничка се здобила со телесни повреди. Повредите биле констатирани во болницата во Гостивар.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.