Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

14 возачи приведени за безобѕирно управување, еден возел со 178 км/ч на автопат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryoj2260cusfgs5QkAM2n
unsplash

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата лишила од слобода 13 возачи, а со уште еден возач бил извршен службен разговор поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ според член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Од вкупно 14 случаи, кај 10 возачи било утврдено дека управувале возило без положен возачки испит. Меѓу нив имало и двајца малолетници – 17-годишник од Студеничани и 16-годишник од Кочани.

Б.П. (56) од Дулица, Македонска Каменица, управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол возел и И.А. (47) од Куманово, додека А.К. (45) од Трубарево, покрај тоа што бил под дејство на алкохол, имал и активна забрана за управување.

— реклама —

Со активна мерка забрана за управување возило биле затекнати и А.Ш. (39) од Обедник, демирхисарско, и А.А. (32) од Поум, струшко.

— реклама —

Меѓу санкционираните е и романскиот државјанин Г.М. (43), кој на автопатот Гевгелија–Демир Капија управувал со брзина од 178 километри на час, на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

По целосното документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или со изречена забрана за управување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt02gl61tb0qfddY859l

Нападнале 63-годишна жена во Скопје и ѝ ја украле ташната, полицијата приведе 19-годишник и 15-годишник

Скопје | пред 1 час

— реклама —
media-library0nqdf883a6vhcpWBDEA

(Видео) Пронајден скопјанецот кој возеше по велосипедска патека во Бутел - полицијата го казни

Скопје | пред 2 часа

uapsen

Напади врз сопруги, деца и полицаец, приведени повеќе лица

Македонија | пред 4 часа

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

МВР приведе 12 возачи за безобѕирно управување, седум возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања