Денеска (20.03.2022) во периодот од 10.00 до 16.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Чаир. При контролата санкционирани се 144 возачи, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 возач, 28 возеле без возачка дозвола, 13 користеле мобилен телефон, пет возеле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.