Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

150 патници евакуирани од Дубаи, меѓу нив 125 македонски државјани, утре нов лет од Ријад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryl5r8ekvdotj1cSZCEQ4

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со денешниот лет од Дубаи се евакуирани вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора.

— реклама —

Во моментов во Обединетите Арапски Емирати остануваат околу 200 македонски државјани кои првично се пријавиле за евакуација, но според нивните изјави во овој момент не изразуваат подготвеност да ја реализираат.

Авионот од Дубаи се очекува да слета на Меѓународниот аеродром Скопје околу 20:00 часот по локално време.

Во однос на евакуацијата од Ријад, која е планирана за утре, информираме дека до овој момент се пријавени вкупно 153 патници кои ќе полетаат од Riyadh – King Khaled International Airport. Од нив, 9 се од Саудиска Арабија, 15 од Бахреин, 96 од Катар и 33 од Кувајт.

Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е авионот да слета на аеродромот во Приштина, по што ќе биде организиран превоз за патниците до Скопје.

Напоменуваме дека целата организација на летовите, вклучително и сите поврзани трошоци, е покриена од страна на Владата преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryomru5ngq27541vSHOld

250 евакуирани во Кичево, меѓу нив и бебе од само еден месец

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања