Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

150 велосипедисти ќе возат од Куманово до Гостивар во чест на загинатите полицајци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
divonaselje2

По повод годишнината од трагичните настани во кумановско “Диво насеље“,  утре (11.05.) ќе се одржи традиционалната меморијална велосипедска тура “Почесен круг со велосипеди во чест на загинатите припадници на МВР“,на која учество ќе земат околу 150 велосипедисти а на релација Куманово-Гостивар.

— реклама —

Турата ќе започне во 07,00 часот со старт од бензинската пумпа на “Макпетрол“ на влезот во Куманово и ќе продолжи по автопатот до Скопје, потоа низ градот Скопје и тоа до гробиштата во с.Студеничани, “Камник“, с.Стајковци, гробиштата “Бутел“, касарна “Илинден“ и “Ѓорче Петров“, од каде ќе продолжи по автопатот до Тетово – градски гробишта, с.Брвеница“, во продолжение по автопатот до с. Зубовце (Гостивар) и ќе заврши на гробиштата во Гостивар.

— реклама —
— реклама —

Велосипедската тура ќе се одвива во услови на редовен сообраќај, со движење по десната страна на коловозот во правец на движење и пропуштање на учесниците во истата од страна на сообраќајната полиција на семафоризирани и пофрекфрентни крстосници.

— реклама —

Токму заради тоа, а со цел непречено одвивање на најавениот настан, МВР работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива велосипедската тура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања