Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

16 асистенти им помагаа на ученици од Општина Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
proekt-UNDP

Општина Аеродром во соработка со УНДП успешно го реализира проектот за унапредување на воспитно-образовниот процес и секојдневната грижа на децата со посебни образовни потреби од основните училишта.

Проектот, во кој учествуваа 16 асистенти, е дел од програмата „Општинско-корисна работа“ за 2018 година.

— реклама —

Општина Аеродром денеска им додели потврди за успешно реализиран работен ангажман на 10 образовни и 6 лични асистенти, кои во текот на изминатата учебна година им даваа поддршка во образовниот процес на учениците со посебни образовни потреби од основните училишта на територијата на Општината.

— реклама —

Покрај потврдите, асистентите добија и сертификати за успешно завршена обука за образовни и лични асистенти, кои им ги доделија УНДП и Министерството за образование и наука.

— реклама —

Општина Аеродром и во иднина ќе продолжи со поддршка и реализација на проекти за социјална инклузија, која е од клучно значење во градењето општество без дискриминација, со еднакви права и можности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања