Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

16 пожари на отворен простор, девет се активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryjgngniqbodj76Y8PcUA
Илустрација

До 13:00 часот денеска се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, четири се под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активни пожари има во повеќе општини низ земјава. Во Струга гори на потегот од селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што е зафатена нискостеблеста шума.

Во Македонски Брод активни се два пожара – кај селото Белица, во месноста Кајорец кон Брезница, каде што гори нискостеблеста и мешана шума, како и во селото Бенче, каде што е регистриран шумски пожар.

— реклама —

Пожари има и во Кичево, во селото Кнежино, месност Црн Камен, во Тетово, кај селото Гајре, каде што гори ниска вегетација и ниска шума, како и во Желино, кај Палатица, каде што гори ѓубре.

— реклама —

Во Гостивар активни се два пожара – кај селата Печково и Падалиште, додека во Долнени гори ниска вегетација кај селото Долгаец.

Под контрола се пожарите во Кичево, кај Тајмиште, во месноста Дарда, во Сарај, кај Копаница, на градската депонија во Делчево и кај селото Брест во општина Чучер-Сандево.

— реклама —

Три пожари се целосно изгаснати – кај селото Ситник во општина Ново Село, кај Новите гробишта во Прилеп и кај Градските гробишта во Крушево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 23 часа

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања