Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

16 возачи приведени за едно деноноќие, петмина биле малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 56 минути -

Македонија
media-libraryd1ssa6hjo5on2HjNlsc
Фото: ФБ / МВР

Дури 16 возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ Македонија поради безобѕирно управување со моторно возило.

— реклама —

Според информациите од МВР, десетмина од нив управувале возило без положен возачки испит, меѓу кои и пет малолетници од Скопје и скопско.

— реклама —

Петмина возеле под дејство на алкохол, а еден од нив имал измерени 1,94 промили. Меѓу приведените се и двајца возачи од Тетово и тетовско кои претходно учествувале во сообраќајни незгоди.

— реклама —

Приведен е и 22-годишен жител на селото Ларце, тетовско, кој управувал возило и покрај активната забрана за возење.

— реклама —

Против сите 16 лица, по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“ од член 297-а од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Пешак тешко повреден откако бил удрен од „голф“ на патот кон ХЕЦ „Козјак“

Македонија | пред 46 минути

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

Излажал дека бил ограбен, 37-годишник од штипско доби кривична пријава

Македонија | пред 47 минути

media-librarym2fptag9qpel3oCpg2s

Влегле во Македонија со турски, а сакале да излезат со сомнителни бугарски документи, приведени двајца турски државјани на аеродромот

Македонија | пред 48 минути

media-librarylhna0fmvtofr7QcnZnQ

Пијан татко го нападнал синот со дрвени предмети

Македонија | пред 49 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања