Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

16 возачи уапсени за безобѕирно возење, 10 биле под дејство на алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата привела 16 возачи поради безобѕирно управување со возило, од кои 10 биле под дејство на алкохол, а шест управувале без возачка дозвола. Двајца од возачите предизвикале и сообраќајни незгоди.

— реклама —

Според МВР, алкохол бил констатиран кај возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија. Возач од Турција, кај кого биле измерени 1,98 промили алкохол во крвта, удрил во паркирано патничко возило. Во друг случај, возач од Делчево со 1,82 промили алкохол удрил во жардинјера.

— реклама —

Шест лица биле затекнати како управуваат без возачка дозвола. Меѓу нив има возачи од Скопје, Тетово и Свети Николе, како и две малолетни лица кои управувале мотоцикли без дозвола.

— реклама —

По целосното документирање на случаите, против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од МВР апелираат до граѓаните да не управуваат возило под дејство на алкохол или без положен возачки испит и да ги почитуваат изречените забрани за управување. Одговорното однесување во сообраќајот, како што посочуваат, е клучно за спречување на незгоди и заштита на човечките животи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Два случаи на насилство меѓу партнери во Битола

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library442u516q70206nazeAm

74-годишна жена тешко повредена откако била удрена од автомобил во Битола

Македонија | пред 1 час

media-library45vicbt77qoq0tf9ti2

Тетовец измамен за 6.800 евра при купување „Ауди А5“ преку германска интернет-страница

Македонија | пред 1 час

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Приведен 49-годишен скопјанец во Драчево, во автомобилот му пронашле дрога и вага

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања