Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

161 прекршок при контроли на велосипедисти, мотоциклисти и возачи на тротинети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryngq2nnf8rjgk4UVUFhE

Вкупно 161 прекршок биле утврдени при засилените сообраќајни контроли што Министерството за внатрешни работи ги спровело на 8 октомври на територијата на целата држава. Контролите биле насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети.

— реклама —

Акциските контроли ги спровел Секторот за сообраќајни работи при МВР, во периодот од 11 до 17 часот. За утврдените прекршоци биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

— реклама —

Најголем број прекршоци, вкупно 44, биле евидентирани на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола. Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата утврдила 28 прекршоци, додека на подрачјата на СВР Велес и СВР Струмица биле регистрирани по 22.

— реклама —

Во рамки на акцијата биле поднесени и осум кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик. Дополнително, биле констатирани и 493 прекршоци од друг вид.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека ќе продолжат со засилените сообраќајни контроли низ земјава, со цел подобрување на безбедноста на патиштата и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library34tm5r8982b29rSssfM

Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

Македонија | пред 10 часа

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан

Македонија | пред 10 часа

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања