Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

167 седница на Влада - ќе се дискутира и за Предлог-законот за градежно земјиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vlada-19.02-pak

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 167 седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

— реклама —

На оваа седница, на предлог на Министерство за транспорт и врски владата ќе го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште.

— реклама —

На дневниот ред на денешната седница е и точката за давање согласност за распишување на Jавен оглас бр.03/19 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.

— реклама —

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе презентира Информација за Амандманот од Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (Кигали, 2016), со Предлог-одлука за пристапување на Република Северна Македонија на Амандманот кон Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка и со Предлог-закон за ратификација на Амандман кон Монтреалскиот протокол.

— реклама —

На денешната седница е и информацијата за Предлог-закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија.

На оваа редовна 167 седница, на предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство министрите во владата ќе ја разгледаат информацијата за потпишаните договори помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија и Центарот за проценка на ризик во ланецот на исхрана на Република Бугарија, и меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија и Агенцијата за безбедност на храна на Република Бугарија за соработка во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања