Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

17 пожари регистрирани до 17:30 часот, активни огништа во пет општини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library55nfst87n4biahPWJuQ

Во Македонија до 17:30 часот денеска се регистрирани 17 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а осум се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес, Јегуновце и Долнени.

Во Студеничани гори во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде е зафатена мешана шума. Во Македонски Брод активни се пожарите кај местото Видуш, во близина на селата Драгов Дол и Локвица, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

— реклама —

Активен пожар е регистриран и во околината на селото С’лп во Велес, во местото Горно Село кон селото Добрино, на територијата на Општина Зелениково. Таму огнот зафатил ниска вегетација и дабова шума.

— реклама —

Во Општина Јегуновце пожарот кај селата Копанце и Туденце се проширил кон селото Бојане во Општина Сарај, при што гори шума. Активен пожар има и во селото Црнилиште во Општина Долнени, каде што е зафатена ниска вегетација.

Под контрола се ставени четири пожари. Тие се регистрирани во три подрачја во Општина Крушево – кај селата Борино и Житоше, Алданци и Норово, како и кај селото Селце. Во Општина Маврово-Ростуше пожарот кај селото Бибај е ставен под контрола.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати осум пожари и тоа во општините Битола, Липково, Чешиново-Облешево, Струга, Кичево, Могила, Долнени и Бутел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања