Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

17 спортски настани на вода во рамки на Ohrid Water Festival

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
OHRID-WATER-FESTIVAL-1

Од 19-ти до 27-ми август Охрид ќе биде домаќин на 17 спортски настани на вода во рамки на првото издание на Ohrid Water Festival.

-Во сабота на 19-ти август на базенот „Атина Бојаџи“ ќе се одржи „ОВФ Пливачки митинг“ во организација на ПК „Акваспирит“ Охрид. Истиот ден во претпладневните часови на Охридското Езеро ќе се одржи „Меѓународна охридска веслачка регата“ во организација на Веслачкиот клуб „Горица Ремо“.

-На 20-ти август во недела предвидени се два настани: „ICF 23 Трета Меѓународна Илинденска регата во кајак и кану на мирни води-Охрид 2023“ во организација на ККК „Стрмец“ и „Триатлон“ во организација на ТК “Три дисциплини” Струга.

— реклама —

-Програмата продолжува во понеделник на 21-ви август кога ќе започне „1ва Регатa околу Охридското Езеро“, во организација на „Меч Рејс Клуб“. Истиот ден на базенот „Атина Бојаџи“ во организација на Сојузот за училишен спорт од Охрид ќе се одржат „Водени лудории“, а во Охридското Езеро во организација на „СУП клуб“ Охрид ќе се одржи настанот „СУП јога“.

-Во вторник на 22-ри август во организација на ЕК „Акватика Јахтинг“ ќе започне Турнир во едрење ,,ЕКСПРЕС СЕЛИНГ“ кој ќе трае два дена. Истиот ден, ќе се одржи „Трка со СУП“ во организација на „СУП клуб“ Охрид.

— реклама —

–Во организација на ПК„Охридски бранови 2008“ на 23-ти август во среда во водите на Охридското Езеро ќе се одржи „Пливачки маратон во далечинско пливање на 5км и 10км на отворени води“.

-Во четврток на 24-ти август во организација на Нуркачки центар „Амфора“ ќе се одржи Промоција на рекреативно нуркање за деца.

-Наредниот ден, на 25-ти август, петок предвидени се три настани. Во организација на ПК„Охридски бранови 2008“ ќе се одржи „Ревијален Ватерполо турнир 2023“, а ќе биде организирана и „Промоција на водени спортови“. Во организација „Јахтинг клуб ОЛС“ ќе се одржи настанот „Запознај го едрењето, заштити го езерото“.

— реклама —

-26-ти август, сабота е датумот, кој е резервиран за најголемиот традиционален спортски настан на вода во Охрид, а тоа е „Охридски Пливачки маратон 2023“ кој ќе се одвива на патеката Св.Наум-Охрид.

-Комплетната спортскo-рекреативна програма на вода ќе финишира во недела на 27-ми август со одржување на спортскиот настан „Акватлон“ во организација на АК “Охрид трчаТ” и „Регатата со традиционални охридски кајчиња“во организација на ВК „Горица Ремо“.

— реклама —

Повеќе детали за сите настани, за времето и локацијата на одржување може да добиете на следниот линк

https://ohridwaterfestival.mk/wp-content/uploads/2019/08/Programa-2023-PDF-2.pdf (спортско рекреативна програма) или на

www.ohridwaterfestival.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library4njro2288env3PIfK1s

(Видео) По пожарот во Охрид: Едно лице на интензивна нега, седум на интерно – охридската болницата го удвои медицинскиот персонал

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library6lq0p0o6aee76ybbHto

(Фото) „Спречена е поголема катастрофа“ – охридските пожарникари за пожарот по кој осум лица завршија во болница

Македонија | пред 14 часа

media-library4njro2288env3PIfK1s

(Видео) Страшен пожар во стан во Охрид: Осум лица завршија во болница , приведен 55-годишен охриѓанец

Македонија | пред 15 часа

media-libraryu92ta53n1cf644bqFX8

(Видео) Мајката на претепаното момче од Охрид го демантира бугарски „Таралеж“: „Се злоупотребува случајот за меѓуетнички немири“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања