Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

170 компании ќе добијат финансиска поддршка преку програмите на Планот за економски раст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
banki-2

На седница на Владата разгледана и усвоена беше Информацијата за склучување Договори за доделување финансиска поддршка на 170 компании, вклучувајќи и компании од трговско-индустриските зони и една од дијаспората, преку програмите на Планот за економски раст. За оваа финансиска поддршка евалуирани се реализираните инвестиции за 2018 година, а се однесува за инвестициски вложувања за набавка на нови машини и опрема и за инвестиции во објекти и земјиште.

— реклама —

Финансиската поддршка од оваа програма преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, се доделува за реализирани почетни или дополнителни инвестиции неопходни за дејноста, до 10% од реализираната инвестиција, и не повеќе од 1.000.000 евра. Средствата за оваа намена се предвидени во Буџетот за 2019 година.

— реклама —
— реклама —

Вкупната вредност на инвестициите во овие 170 компании изнесува 230 милиони евра, со што се отвораат 4577 нови работни места, од кои во 2018 година се веќе вработени 2117 лица.

— реклама —

На седницата во Битола, е разгледана и усвоена информацијата за спроведувањето на активностите за поддршка на приватниот сектор од страна на Центрите за развој на планските региони – Регионални бизнис центри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања