Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

1.781 граѓани се пријавиле да гласаат за претседателски избори во странство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
izbori

Вкупно 1.781 граѓани ќе гласаат во 32 дипломатско – конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство на претстојните претседателски избори, од нив најголем број ќе го исполнат гласачкото право во Венеција 290, во Љубљана 215 и во Париз 123 лица.

— реклама —

Како што објави Државната изборна комисија, од вкупно пријавените 1.841 граѓанин кои се пријавиле да гласаат за изборите во ДКП-а во законски предвидениот рок, 1.835 лица ги исполниле законските услови за остварување на своето гласачко право.

Воедно, во 15 ДКП-а и конзуларни канцеларии на државата во странство (Анкара, Астана, Атина, Варшава, Доха, Каиро, Киев, Мадрид, Москва, Нзу Делхи, Пекинг, Подгорица, Солун, Софија и Тирана) се прифатени помалку од 10 граѓани, поради што, согласно член 165 став 3 од Изборниот законик за вкупно пријавените 54 лица не постојат законски можности гласањето да се спроведе бидејќи во нив нема да се испраќаат избирачки одбори.

— реклама —

Овие лица своето право на глас ќе можат да го остварат на избирачките места на кои се распоредени во Република Северна Македонија, за што ДИК ја задолжи Стручната служба да ги извести.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања