Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

18 возачи приведени за безобѕирно возење, меѓу нив и двајца малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH
ФБ

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 18 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила.

— реклама —

Од нив, 15 управувале возила без возачка дозвола, а меѓу нив имало и двајца малолетници. Најголем број од приведените се од Гостивар, каде биле лишени од слобода пет лица, меѓу кои еден малолетник, а едно лице претходно учествувало и во сообраќајна незгода. Во Скопје биле приведени четири возачи, во Кичево две лица, од кои едно малолетно, а по едно лице било лишено од слобода во тетовско, Кривогаштани, Прилеп и Битола.

— реклама —

Во Делчево бил приведен возач кој управувал возило под дејство на алкохол, додека во Кичево и Кавадарци биле приведени по едно лице кои управувале моторно возило и покрај изречена забрана за возење.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат возила без возачка дозвола, доколку имаат изречена забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел да се придонесе за поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mrtov

Починат 58-годишен маж пронајден на улица во Гостивар

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Пукано во автомобил во движење на патот Дебреште – Врапчиште

Македонија | пред 5 часа

media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Возач на камион тешко повреден откако удрил во метална ограда на експресниот пат Прилеп – Градско

Македонија | пред 6 часа

tabanovce

Скопјанец приведен на Табановце со фалсификувана словенечка возачка дозвола

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања